„AgustaWestland AW189“ – Авион за барање и спасување, медицинска евакуација и транспорт на патници

„AgustaWestland AW189“ е двомоторен, осумтонски хеликоптер со средна големина. За прв пат бил најавен на „Paris International Air Show“ во 2011 година, а произведен од компанијата „Leonardo“ (порано „AgustaWestland“, споени во „Leonardo-Finmeccanica“ од 2016 година). Тој е цивилно-ориентирана верзија изведена од воената верзија „AW149“, а дели сличности и со „AW139“ и „AW169“ во однос на дизајнот, летните и безбедносните карактеристики. Хеликоптерот „AW189“ често се споредува со „Airbus Helicopters H175“

AW189-helicopter-moscowХеликоптерот ја поседува најголемата кабина во својата класа во која се пристапува преку големи лизгачки врати од двете страни на трупот на хеликоптерот. Постои посебен надворешен пристап и простор за багаж. Внатрешноста е прилагодена во зависност од улогата и мисијата, односно компатибилност за давање итна медицинска помош, патничка конфигурација, операции за барање и спасување и операции за спроведување на законот. Со еден збор, тој е опремен за летање во сите временски услови, дење и ноќе

Компанијата „Agusta“ била основана од Giovanni Agusta во 1923 година. После Втората светска војна оваа компанија се вклучува во производство на хеликоптери. Најпрвин соработката започнала со компанијата „Bell“ преку договор за лиценцирано производство, а потоа и преку производство на воздухоплови од компаниите „Sikorsky“, „Boeing“ и „McDonnell Douglas“. Најголемиот успех го достигнала во 1970 година со производство на „Agusta A109“, како комерцијален и воен двомоторен хеликоптер. Во 1983 година го произведува противтенковскиот хеликоптер „Agusta A129 Mangusta“ како прв специјализиран борбен хеликоптер во Западна Европа. Компанијата „AgustaWestland“ е основана во 2000 г. како резултат на спојување на двете компании, италијанската „Agusta“ и англиската „Westland“ со по 50% учество. „AgustaWestland“ е светски лидер во производството на хеликоптери, лидер во обуката на пилотскиот и техничарскиот состав, имајќи го предвид долгогодишното искуство со кое се обезбедува висок квалитет на повеќе полиња од овој домен.

Хеликоптерот „AgustaWestland AW189“ е наменет за операции на море за потребите на индустријата за нафта и гас, барање и спасување, медицинска евакуација и транспорт на патници. Како хеликоптер од последната генерација, поседува единствена можност за лет во времетраење од 50 минути без масло за главниот редуктор. Неговиот развој започнал во поново време, поточно во 2011 година со развој на програмата за тестирање на вкупно шест „AW189“ хеликоптери. Во јуни 2013 година, „AgustaWestland“ најавила дека „AW189“ е целосно оперативно способен и подготвен за сериско производство. Во текот на 2015 година, бавниот развој на системот за заштита од мраз го одложило воведувањето на „AW189“ хеликоптери базирани за операции за барање и спасување. Сертификацијата продолжила во есен истата година со испитувања во Алјаска, со цел за да се обезбедат летови во целосни услови на замрзнување.
Пилотската кабина се карактеризира со високо ниво на надворешна видливост и напредна технологија. Таа е дизајнирана со цел да се намали обемот на работа на екипажот и подобрување на безбедноста. Авиониката на „AW189“ е целосно интегрирана и вклучува LCD панели, дигитални автоматски системи за контрола на летање, автопилот, временски радар, гласовно снимање во пилотската кабина, снимање на податоците од летот, ноќни визири, подвижна мапа, сателитска комуникација, систем-локатор, систем за избегнување на колизија со други воздухоплови, пронаоѓачи, камери, системи за следење на здравјето и многу друга опрема (fast roping kits, external electric hoist, cargo hook, air conditioning, auxiliary fuel tanks, emergency flotation system, external life rafts, emergency lighting, external search light, main cabin bubble windows, wire strike protection system, de-icing systems, multiple levels of protection). Придобивките интегрирани во хеликоптерот вклучуваат: голем и рамен простор за сместување на две носилки (надолжно или попречно позиционирани), дополнително осум или повеќе лица, SAR опрема по потреба, лесен пристап за пациентот од двете страни, сместување на целосен пакет за напредна опрема за одржување на животот, ниска бучава и вибрации, проширување на кабината за багаж и друго. Во зависност од конфигурацијата, во кабината на „AW189“ може да се сместат до 19 патници и двајца членови на екипажот. Хеликоптерот ја поседува најголемата кабина во својата класа во која се пристапува преку големи лизгачки врати од двете страни на трупот на хеликоптерот. Постои посебен надворешен пристап и простор за багаж. Внатрешноста е прилагодена во зависност од улогата и мисијата односно компатибилност за давање итна медицинска помош, патничка конфигурација, операции за барање и спасување и операции за спроведување на законот. Со еден збор, тој е опремен за летање во сите временски услови, дење и ноќе. Хеликоптерот „AW189“ ги исполнува меѓународните регулаторни барања за безбедност на: EASA / FAA Дел 29, JAR OPS 3 / EU-OPS. Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) додели сертификати на хеликоптерот „AgustaWestland AW189“ по завршувањето на активностите за конечна потврда на првиот, целосно производен воздухоплов од овој тип. Почетната поддршка, исто така, е ставена на располагање на операторите преку изградба на нова зграда за симулација која вклучува „AW189“ симулатор.
Во август 2013 година, Велика Британија започнала со промовирање на „AW189“ на нивните клиенти, пред сè за потребите на SAR операциите од страна на Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили, а со цел замена на „Eurocopter AS332 Super Puma“ – платформата. При крајот на истата година, „Bristow Helicopters“ објавил дека првиот хеликоптер „AW189“ од 2014 година ќе влезе во употреба заради поддршка на операциите за нафта и гас на Велика Британија во Северното Море.
На 7 јануари 2015 година, „AgustaWestland“ објавила дека склучиле договор за снабдување на 160 парчиња AW189 за руската нафтена компанија „Rosneft“ за период до 2025 година. Овие хеликоптери ќе бидат произведени од „HeliVert“, што подразбира заедничко вложување помеѓу „Finmeccanica-AgustaWestland“ и „Russian Helicopters“. Компанијата „HeliVert“ го составува AW139 од јуни 2012 година и обезбедува сеопфатно одржување и поправка на различни AW139 хеликоптери направени во Русија или во Италија. Договорот вклучува набавка на интегрирано одржување и обука за клиентите. Со оваа спогодба, нафтената компанија Rosneft ќе стане примарен клиент за AW189 во светот. Истата година, хеликоптерот од овој тип се префрла во Америка, каде дејствува „Era Group“ како единствен оператор на САД во Мексиканскиот Залив, а кој оперира и со хеликоптерите „С-92“, „H225“, и „AW139“. Последната вест од мај, 2017 година, јавува дека „AgustaWestland AW189“ пристигнал во Јужна Америка и во блиска иднина се очекува да започне поморски операции во Бразил.

Генерални карактеристики:
• Посада: 1 или 2 пилоти
• Капацитет: до 19 патници
• Должина: 17.6 м
• Висина: 5.06 м
• Дијаметар на роторот: 14.6 м
• Тежина: од 8300 до 8600 кг (во зависност од конфигурацијата)
• Максимална брзина: од 287 до 313 км/час (во зависност од конфигурацијата)
• Долет: до 1.111км (во зависност од конфигурацијата)
• Време на лет: 5 часа и 40 минути
• Капацитет на носивост на надворешен товар: 2722 кг
• Цена на чинење: 25 мил. евра

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail