Симулациски софтвер JTLS – Софтвер за изведување на компјутерски поддржувани вежби и вршење анализи

softverJTLS (Joint Theater Level Simulation) претставува повеќестран и интерактивен симулациски софтвер со чија помош се извршува изведување на компјутерски поддржувани вежби и вршење анализи. Со помош на овој софтвер, исто така се врши и развој и процена на здружените оперативни планови. Како и другите симулациски софтвери, JTLS се користи за моделирање на воени мисии на здружени коалициски сили при изведување борбени дејства на копно, на море или во воздух. Бројот на страните кои можат да бидат симулирани со овој софтвер е десет. Со овој софтвер се вршат симулации на различни видови и родови од здружените сили на оперативно ниво или при изведување на коалициски операции. Овој софтвер овозможува задоволителна верност во репрезентацијата на изведување на тактички дејства поради фактот што, пред сè, се користи на оперативно ниво. Една од главните цели поради кои се употребува овој симулациски пакет е планирањето и поддршката на кампањи во кои се врши распоредување и ангажирање на здружени воени сили и се изведуваат операции на здружено војување. JTLS поддржува изведување на дистрибуирани симулации. Тоа значи дека учесниците во симулацијата можат да бидат поставени на географски издвоени локации но, сепак, да бидат поврзани преку компјутерска мрежа. Како и секој друг симулациски софтвер така и JTLS е сочинет од големи, интегрирани бази на податоци. Теренот којшто може да биде симулиран од страна на овој софтвер може да има димензии од 3400 км на 3400 км. Не постои конечен број на борбени единици кои можат да бидат моделирани во една симулација, но обично овој број се движи околу 3000. Со цел да се постигнат пореалистични услови при моделирањето на операцијата, големо влијание имаат временските услови како и дневно-ноќните услови. JTLS користи ситем на шестоаголници за репрезентација на теренот и неговите содржини, како што е прикажано на слика 2. На овој начин се врши колекција на регионалните карактеристики на теренот, со што се прикажува можноста за комуникација низ истиот и неговите висински разлики. На пример, доколку теренот опфатен во еден шестоаголник се состои од водена и од копнена површина, при што копното е со различна елевација, ваквите карактеристики се собираат и притоа се добива единствен шестоаголник со доминантен копнен предел и со еднаква елевација. Ова е посебно добро за прикажување на борбени мисии со ниво на здружени сили. Патиштата се прикажани како да водат од едниот центар на шестоаголникот до другиот центар на шестоаголникот, додека реките и водените површини се прикажуваат како да се границите на шестоаголниците. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail