Симулациски софтвер GESI – SIRA

simulaciskisoftverGASISIRAНајпознат германски симулациски модел за поддршка во обуката на баталјонско и на бригадно ниво GESI (GefechtsSImulations-system), е германски акроним за борбена симулација и претставува најпознатиот германски симулациски модел за поддршка на обука на баталјонско и на бригадно ниво. Со помош на овој софтвер се изведуваат симулациски асистирани командно-штабни вежби. Покрај германската армија, овој симулациски софтвер е употребуван од страна на многу други армии ширум светот. Норвешката армија го користи овој софтвер во рамките на системот за обука на бригадно ниво под името NORCAX, додека австриската армија го користи овој пакет за истите намени како и норвешката армија, само под името Fu Sim. Симулацискиот софтвер GESI овозможува детаљна, објективно ориентирана репрезентација на секое поединечно борбено средство. На ваков начин, симулацијата е во согласност со линијата на видното поле и дострелот. Како и претходно споменатите софтвери, GESI, исто така, овозможува симулација на здружени борбени дејства, при што е можна контрола на најмногу 6.000 борбени единици. Начин на работа и карактеристики на GESI-SIRA Овој симулациски софтвер работи според принципот на интерактивни, класифицирани воени игри помеѓу две спротивставени страни кои се изведуваат во реално време. Преку егзекуција на симулацијата се согледуваат резултатите од употребата на различни системи на вооружување од пријателската и од непријателската страна. Симулацијата се изведува во реално време, додека, пак, графичкиот ситуациски приказ се обновува на секои три секунди во согласност со брзината на симулациските циклуси. Командантот и неговиот штаб ја контролираат целата симулација и издаваат команди онака како што тоа би го правеле во реална ситуација. Тие, исто така, располагаат со формациски средства за поставување и комуникација во организацијата на работата на командното место. Системот за борбена симулација GESI не ја менува штабната организација на борбените единици кои се вклучени во обуката. Воените лидери се тие кои ги носат сите одлуки за ангажирање на силите во согласност со тактичките принципи, без да бидат под влијание или ограничени од страна на симулацискиот софтвер. Системот за симулација и информатичкиот систем за командување се меѓусебно раздвоени и не комуницираат. Контролната група на вежбата е во можност да ја раководи симулацијата, без притоа да има првично дефинирано сценарио. Развојот на ситуацијата за време на симулацијата се генерира според влезните команди на штабот кој ја раководи обуката. Учесниците во вежбата го следат развојот на настаните преку компјутерски екрани и собираат информации со чија помош подоцна ги формираат новите известувања и барања што ќе треба да бидат доставени до претпоставената команда. Овие информации им служат на играчите за донесување на сопствени одлуки за преземање на борбени акции. Графичката репрезентација на развојот на борбената ситуација се базира врз основата на дигиталните топографски карти. Покрај тоа, овој софтвер генерира и табеларни информации коишто се однесуваат на борбените коефициенти, резервите на муниција, гориво и на други ресурси, човечки и материјални загуби, оштетувања на опремата и слично. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail