Системи за поддршка при донесување воена одлука – извршни информациски системи за донесување на одлуката на здружено ниво

54_tom-clancys-ghost-recon-advanced-warfighterСистемите за поддршка при донесување одлука се компјутерски алатки, дизајнирани за поддршка на донесувањето одлуки, во крајна линија, за да му помогне на штабот во изработка на најдобрата можна одлука. Тие во многу аспекти се иновативни, бидејќи често се дизајнирани со способност за вештачка интелигенција (типично користејќи илјадници комплексни алгоритми), и тие може да процесираат големи количини на податоци во многу краток временски период, а нивниот дизајн често промовира различни нивоа на интеракција која е определена од корисникот. Во зависност од дизајнот на системот за поддршка при донесување одлука и нивото на човечка интеракција со него, на различни нивоа на автоматизација може во голема мера да ја олесни задачата на проектот и донесувањето на одлуки. Оваа алатка првично била наменета за индивидуална употреба, но во 1985 година во вооружените сили на САД еволуирала во групна алатка како систем за поддршка при донесување одлука за да се олесни работата на штабот при решавањето на проблемите и набргу потоа, прераснува во извршен информациски систем каде е проширена примената на системите за поддршка при донесување на одлуката на здружено ниво. Истражувањата покажале дека системите за поддршка при донесување на одлуката може да бидат неверојатно корисна алатка во области каде што се потребни разни сложени одлуки. Како пример на систем за поддршка при донесување на одлука можеме да го наведеме системот „Ласица”, развиен и анализиран во Универзитетот во Минесота, наменет да помогне во военото планирање на персоналот во генерирање на варијанти за дејство за копнените сили. „Ласица“ е една компонента на системот за поддршка при донесување на одлука „Интел комплет на алатки “, развиен во 2003 година на Универзитетот во Минесота. Тој е програмиран во програмскиот јазик „Ц + +” и користи методологија на ограничување и пребарување за да се генерираат и да се оценат плановите на непријателот и пријателските воени сили.  

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail