Соодветен пристап во образованието – Осврт на искуствата на земјите-членки на НАТО во делот на военото образование (2)

40-Процесот, односно соодветен пристап во образованието и професионално усовршување на персоналот т.е. на вработените во системот на одбраната и национална безбедност во земјите-членки на НАТО и земјите-партнери е единствен и целокупен систем во текот на кариерата на воените лица. Во минатиот број на „Штит“ ги прикажавме достигнувањата во сферата на военото образование на Велика Британија, на Канада и на Белгија, а во овој број ќе го претставиме високото воено образование на Франција и на НАТО-алијансата. Високото образование во Р. Франција во областа на одбранбениот систем и технологии Во Франција, оспособувањето на развојно-истражувачкиот и научноистражувачкиот персонал во областа на одбранбениот состав и технологија се изведува во согласност со француското Министерство за одбрана и високите еминентни на академската институција, Националната школа за напредни технологии (ENSTA Group -Ecoles Nationales Supérieures de Techniques Avancées). Образовните студиски програми се отворени и за цивилните и за воените студенти, при што кандидатите за потребите на вооружените сили и за Министерството за одбрана, покрај заедничката програма за сите студенти, имаат и дополнителни форми на образование и стажирање. ENSTA применува високошколска програма за образование на инженери-проектанти за комплексни машински и електронски системи. Во склоп на заедничкиот дел на студии сите студенти изучуваат математика, физика, математички науки, основи на машинство, основи на електроника, автоматизација на производството, комуникации, англиски јазик и др. Програмите кои се нудат во ENSTA се широки и разновидни, а опфаќаат различни аспекти на науката, технологијата и управување со човечките ресурси. После општиот дел на студии, студентите избираат област за специјализација во една од петте области: електронски состави, хидрографија-океанографија, машинство (проектирање на возила), бродоградба, експлозиви и пиротехнологија. Студентите дипломирани на ENSTA се доволно опремени за да изберат кариера во дизајнот, истражувањето, развојот или, пак, како проект-менаџер во многу различни области. По дипломирањето студентите имаат можност да се вработат во индустријата или во Министерството за одбрана и во вооружените сили на Република Франција. Премиса за академското институционално оспособување Низа примери на одредени земји-членки на НАТО се прикажани форми на инструирање во рамките на институционалното воено академско образование. Во текот на ваквата едукација, воените лидери се оспособуваат за извршување на своите работни задачи преку учење за вредностите, вештините и останати содржини од академското ниво на образование. Институционалното воено образование и оспособување ги дава фундаменталните вредности на воената професија и овозможува прогресивно усвојување на знаењата од соодветниот род/служба во рамките на која воениот лидер ќе ја гради својата кариера. Оправданоста на ваквиот пристап на оспособувањето на кадрите доаѓа од фактот што работите во системот на одбраната и националната безбедност, имаат потреба од стручни лица од сите наведени образовни области. Секоја од наведените области сама по себе е интередисциплинарна и во одредена мера доволно специфична, така што за сложените одбранбени системи и националната безбедност, се проектира кадровска структура составена од стручни лица, од сите наведени научни области. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail