Операциите и мисиите на Алијансата – Создавањето и развојот на НАТО (8)

36-natoНАТО е активен придонесувач за мирот и безбедноста на меѓународната сцена. Преку своите операции за управување со кризи, Алијансата ја демонстрира и својата подготвеност да дејствува како позитивна сила за промена, имајќи го предвид нејзиниот капацитет да одговори на безбедносните предизвици на 21 век. Од својата прва голема мировна операција на Балканот во раните 1990-ти, темпото и разновидноста на операциите на НАТО се зголемија. НАТО е ангажиран во мисиите кои го покриваат целиот спектар на управување со кризи – од борбени и мировни мисии, до обука и логистичка поддршка, па сè до надзор и хуманитарна помош. Денес околу 110.000 воен персонал е ангажиран во мисиите на НАТО во светот, успешно управувајќи комплексни операции на копно, во воздух и поморски операции, односно во сите видови на животната средина. Овие сили во моментов работат во Авганистан, во Косово, на Медитеранот, на Африканскиот Рог (Североисточна Африка, понекогаш Сомалиски Полуостров) и во Сомалија. На пример, во декември 1992 година министрите за надворешни работи на НАТО изјавија дека се подготвени да ги поддржат мировните операции раководени од Советот за безбедност на Обединетите нации, кој ја има примарната одговорност за меѓународниот мир и безбедност. Министрите ги разгледаа мерките преземени од страна на земјите-членки на НАТО во однос на мировните операции, санкциите и ембаргото, било тоа да се индивидуални мерки на земјите или заеднички на Алијансата, со што ја поддржуваа резолуцијата на Обединетите нации која се однесуваше на конфликтите во поранешна Југославија. Моментални операции и мисии • Авганистан – претставува најзначајната посветеност на Алијансата до денешен датум. Воспоставени со мандат на ООН во 2001 година, Меѓународните безбедносни сили за помош – ИСАФ (International Security Assistance Force – ISAF) се под НАТО лидерство од август 2003 година. ИСАФ во моментов се состои од околу 102.000 војници, припадници на 50 различни земји распоредени низ Авганистан. Мисија на ИСАФ е да се прошири улогата на авганистанската централна власт со цел да се создаде поволна средина за функционирање на демократските институции и воспоставување на владеењето на правото. Исто така, мисијата има цел да спречи Авганистан уште еднаш да стане засолниште за терористите. Во прилог на реконструкцијата, преку своите 28 Провинциски тимови за реконструкција – Provincial Reconstruction Teams (PRTs) распоредени низ целата земја, ИСАФ има за цел воспоставување професионални Авганистански национални безбедносни сили – Afghan National Security Forces (ANSF), со цел да им овозможи на Авганистанците да ја преземат одговорноста за безбедноста на својата земја. До крајот на 2014 година, ќе се изведе постепена транзиција на одговорноста за безбедноста од ИСАФ-трупите на авганистанската армија и полиција. Во текот на тој период, ИСАФ сè повеќе ќе се насочи кон обука и советодавна улога, но ќе продолжи да ја поддржува земјата и во борбени операции заедно со авганистанските сили кога ќе биде потребно. По 2014 година, НАТО-поддршката на Авганистан ќе се фокусира на тренинг, советување, помош и придонес за да се одржат Авганистанските национални безбедносни сили. • Косово – додека Авганистан останува примарен НАТО-оперативен театар, Алијансата не се откажа од своите други обврски, особено на Балканот. Денес околу 5.500 сојузнички војници работат во Косово, како дел од НАТО на Косово (NATO’s Kosovo Force – KFOR). Од јуни 1999 година со цел да стави крај на раширеното насилство и хуманитарната катастрофа, трупите на КФОР продолжија да го одржуваат силното присуство на целата територија. По прогласување на косовската независност во февруари 2008 година, НАТО се согласи дека ќе продолжи со своето присуство врз основа на Резолуцијата 1244 од Советот за безбедност при ООН. НАТО помогна да се создадат професионални и мултиетнички Косовски безбедносни сили – Kosovo Security Force, кои лесно ќе бидат вооружени сили, одговорни за безбедносните задачи кои не се соодветни за полицијата. Во меѓувреме, напредок е постигнат и во ЕУ, која го спонзорираше дијалогот помеѓу Белград и Приштина. • Средоземно Море – следење на операциите на НАТО не се ограничени само во зоните на конфликт. Како последица на терористичките напади од 11 септември 2001 година, НАТО веднаш почна да презема мерки за спротивставување на заканата од меѓународниот тероризам. Со воспоставување на поморска операција за надзор т.н. Активен напор – Active Endeavour во октомври 2001 година, НАТО додаде една нова димензија во глобалната борба против тероризмот. Предводени од НАТО-поморските сили, операцијата „Активен напор“ е фокусирана на откривање и одвраќање терористички активности во Средоземното Море. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail