„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-9“ – Синергија на бојното поле

29-lanseriНа Армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ во периодот од 14 до 18 октомври беше изведена воена тактичко-теренска вежба „Македонски блесок 9“. На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, во согласност со листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за поддршка на мирот „Македонски блесок 9“ претставува продолжение на серијалот вежби и се базира на измислено сценарио за операции за одржување на мирот предводени од НАТО, а делегирани од страна на ОН. Вежбата имаше цел да го покаже достигнатиот степен на интероперабилност и да обезбеди преглед на борбената готовност на декларираните единици за употреба во НАТО-предводени операции. „Формирањето сили направени за конкретна задача, како исклучително сложена форма, е предизвик и за многу поголеми и посовремени армии и претставува врв на организацијата на една војска. АРМ успеа тоа да го направи двапати за помалку од еден месец и од премногу скромност не кажуваме што можат да направат нашите офицери“, изјави генерал-мајорот Методија Величковски на брифингот за новинарите пред започнувањето на вежбата „Македонски блесок-9“. На вежбата учествуваа 1.300 учесници, а за директор на оваа значајна вежба беше назначен потполковникот Зоран Илов. Сценариото предвидуваше 33 настани и 60 инциденти, со преземени максимални безбедносни мерки од можни евентуални ризици. На чинот на свеченото отварање на „Македонски блесок-9“, пред учесниците на вежбата се обрати заменикот на командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал доц. д-р Мухамет Рацај, кој истакна дека реализацијата на вежбата ,,Македонски блесок – 9“ за Армијата на Република Македонија претставува задача од врвен приоритет, од што ќе произлезе самооценувањето Ниво 2 на Средната пешадиска баталјонска група и НАТО-оценувањето Ниво 1 на Лесната маневарска болница. Воедно, тој истакна дека високите оценки кои ги добиваме во континуитет од НАТО при извршувањето на мировните мисии, но и за успешно изведените вежби за оценување на декларираните единици, се најголемата гаранција дека и оваа, од многу аспекти комплексна вежба, ќе ја реализираме со успех. Во согласност со сценариото, вежбата се реализираше во четири фази и заврши на 18 октомври со првичниот брифинг за постигнатото оценување. Оценување на Лесната маневарска болница во склоп на вежбата „Македонски блесок – 9“ На 15 октомври 2013 година во Центарот за обука „Пепелиште“, во рамките на вежбата „Македонски блесок – 9“, започна процесот на оценување НАТО 1 на Леснaта маневарска болница. Според Концептот за оперативна способност се оценуваше интероперабилноста на болницата, што е главен предуслов за спроведување на следните нивоа на оценувања во согласност со овој концепт. Оценувањето НАТО 1 го реализираше НАТО-оценувачки тим, под раководство на директорот на оценувачкиот тим, полковник Виктор Украинец. Со цел успешна реализација на активноста, тимот за оценување учествуваше и во планирачкиот процес на вежбата, во изработката на сценариото на вежбата и листата на настани и инциденти. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail