Пријателството низ спортот – Петти футсал куп за мир

40-1Министерот за одбрана, Талат Џафери, на 30 септември, во спортската сала ,,Расадник“ во Скопје свечено го отвори меѓународниот Петти футсал куп за мир кој се одржа од 30 септември до 2 октомври 2013 година. Футсал купот за мир се организира под покровителство на Меѓународниот совет за воени спортови (МСВС), а покрај екипата на Армијата на Република Македонија како домаќин, учествуваа екипите за футсал од армиите на: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. На свеченото отворање на Петтиот футсал куп за мир, покрај министерот за одбрана, присуствуваа началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, високи претставници на Меѓународниот сојуз за воени спортови (МСВС), претставници од армиите на земјите-учеснички, Фудбалската федерација на Македонија, воените аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости и љубители на спортот. Во обраќањето пред учесниците на Купот, министерот Џафери, истакнувајќи го значењето на ова натпреварување како начин за зближување на народите и нациите, искажа уверување дека Министерството за одбрана и АРМ ќе ги следат сите чекори во одржувањето, негувањето и унапредувањето на спортот, со заложба за развивање на „пријателството низ спортот“ како мото на МСВС. Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, на учесниците на Купот им порача дека со ова натпреварување тие покажуваат дека спортот во армиите ширум светот претставува значаен сегмент во обуката, но и алатка за развивање на пријателството и зближување на народите од различни краеви. Екипите-претставнички на армиите на шесте држави, во спортски дух и со успех го реализираа проектот „Футсал куп за мир“. Во фер-плеј борба се потврди дека спортот во армиите претставува значаен сегмент во обуката и претставува значајна алатка за зближување на народите од различни нации. Преку ова натпреварување на најдобар начин е пренесена пораката за пријателство низ спортот. Победник на овогодинешниот „Футсал куп за мир“ е екипата на армијата на Хрватска, второто место го освои Босна и Херцеговина, а во борбата за трето место беше подобра екипата на Србија, која ја совлада екипата на Црна Гора. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail