Командно место на иднината – Системи за поддршка при донесувањето на одлука (3)

54-Link_PMATSТактичкиот систем за интеграција на воздушниот простор – ТСИВП претставува материјално решение за интеграција и синхронизација на воздушен простор и за контролата на летањето во рамките на Командниот систем на Копнените сили (КСКС). Тој, како дел од автоматизираниот команден систем на Копнените сили, обезбедува менаџирање со воздушниот простор и извршување на услуги преку воздушниот сообраќај. Овој систем нуди интероперабилност, стандардизиран софтвер, сличност на хардверските компоненти и конфигурации со коалициските системи, со системите на цивилното воздухопловство и со вооружените сили на САД. Често се сместува во крути метални кутии кои се пренесуваат со две „хамви“ возила. Системот врши визуелизација на четири димензии и дава јасна слика за ситуацијата на пријателските и на непријателските активности во воздушниот простор, пред сè за избегнување на дејство кон сопствените сили. Речиси во реално време нуди интегрирани информации за бојното поле, како што се разузнавачки информации, информации за: огнената поддршка, противвоздушна одбрана, маневарот на воздухопловните сили и менаџментот со воздушниот простор. На тој начин во значителна мерка ќе се обезбеди средствата на авијацијата правилно да бидат насочени, заштитени и контролирани. Алатката за менаџирање на воздушниот простор, како дел од Командниот систем на Копнените сили (КСКС), во потполност е компатибилен со системите на воздухопловните сили. Интеграцијата на овие два системи, односно нивната заедничка интероперабилност, доведува до дополнително зајакнување на стабилноста при изведување на здружени операции меѓу овие два видови. Овој систем им овозможува на командантите да дејствуваат врз непријателот од многу големи растојанија со многу голема прецизност. 1.1.7 Систем за следење на сопствените сили (СЗССНС) Системот за следење на сопствените сили – СЗССНС, обезбедува софтверски и хардверски алатки кои го поддржуваат командантот и неговиот штаб, и речиси во реално време нуди ситуациона слика од бригадно до војничко ниво. Системот може да интегрира над 1.000 учесници и може да ја покрие целата област на интерес на бригадата, вклучувајќи борбени возила, оклопни транспортери, борбени возила на пешадијата, тенкови, хеликоптери, артилерија и други борбени елементи за поддршка. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail