Пресликување на „Живите“ маневри – Софтвери за симулација и потреба на софтверите во армиите ширум светот

Battlefield_3_2_1Воените симулации, познати исто така и под името воени игри, се симулации каде што сите теории, претпоставки и можни резултати од одредена воена акција или битка можат да бидат тестирани и подобрени, без притоа да се претрпат некакви загуби. Самиот термин воени симулации покрива широк спектар на активности, почнувајќи од теренски вежби во полн размер до апстрактно компјутеризирани модели кои вклучуваат мала или никаква човечка интеракција (RSAC-системот). Поучени од досегашните искуства, најважните податоци секогаш се добиени од набљудувања, а врз основа на тие податоци се базират и голем број теории. Ова непишано правило важи и за воените симулации. Воените аналитичари ги следат теренските вежби кај кои постои веројатност да се покажат во вистинско сценарио. Преку воените анализи и набљудувања може да се заклучи колку материјал, време и човечки ресурси би биле потребни за извршување на одредена акција под претходно зададени услови. Резултатите од овие набљудувања можат да послужат како мерило за перформансите со кои располага една армија и во согласност со резултатите, армијата работи на усовршување или на подобрување на перформансите. Без разлика на тоа какви се резултатите од симулациите, нивна главна цел е не само да бидат тестирани новите идеи или модели, туку и да ги запознаат сите учесници во самата симулација со вистинското сценарио и да им помогнат да се стекнат со вистинските вештини за поуспешно справување со проблемите. Воените симулации опфаќаат широк спектар на вежби и тренинзи, почнувајќи од теренски вежби до компјутерски симулации на најразлични аналитички модели. Реалноста на „живите“ маневри е претставена преку апстрактните симулации. Воените вежби, целосно, па дури и оние помалите, не секогаш се лесни за изведување или, пак, посакувани, поради фактот што пристапните човечки и финансиски ресурси во голем број случаи се ограничени. Најчесто, повеќе исплатлива варијанта за тестирање на одредена теорија е кога нивото на учество на припадници на армијата е сведено на минимум. Вежбите на мапа можат да бидат спроведени од еден постар офицер и планери, но без притоа да има физичко преместување на трупи. Ваквиот вид симулациски вежби, иако е статичен, сепак прима некакви човечки команди. Резултатите од ваквите вежби им овозможуваат на учесниците да оформат нецелосни и несигурни претпоставки и очекувања на сметка на намалени трошоци и поголема пристапност до извршување на самите вежби. Со понатамошно зголемување на апстрактноста, самата симулација добива средина којашто е лесно препознатлива за цивилните играчи на стратегии. Ваквиот вид симулации може да биде рачен, вклучувајќи никаква или многу мала асистенција од страна на компјутер. Се претпоставува дека рачните симулации биле во употреба уште првиот пат кога човекот започнал да војува. Шахот, исто така, може да се смета како еден вид на воена симулација. Како предвесник на модерните воени симулации се смета таканаречениот „kriegspiel“ (германски збор за воена игра). Оваа игра се појавила околу 1811 година во тогашна Прусија, и во многу литератури се среќава како најзаслужниот дел од победата на Прусија над Франција во 1870 година. За татко на модерната воена симулација се смета Graf Helmuth von Moltke. Иако не го измислил таканаречениот „kriegspiel“, бил многу импресиониран од него, па како еден од главните офицери во армијата на Прусија, барал строга употреба на оваа воена игра како помош при подготовки за војна. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail