Систем за контрола на маневар – Системи за поддршка при донесување воена одлука (2)

Link_PMATS_3Системот за контрола на маневарот на Слика 4 (СКМ) е интегриран од хардвер, софтвер, стандардизирани интегрирани командни системи, персонал и процедури. Системот за контрола на маневарот е алатка која ги обезбедува основните тактички планирања за бригада. Поддржан од алатки за графичка поддршка на одлуката кои вклучуваат дигитални мапи, авионски или сателитски фотографии, тридимензионален динамичен поглед на бојното поле и анализа за мобилност на теренот, прегледи со мапи од безбедносна подготовка на бојното поле и потребните ресурси за време на битка од страна на единицата. За време на мисијата, системот обезбедува автоматско ажурирање на пријателски и на непријателски движења на единици. За да го поедностави своето работење, системот ги користи комерцијалните канцелариски апликации за генерирање на извештаи и прикажување на слики, табели и графикони. Системот за контрола на маневарот (СКМ) на командантот и на неговиот штаб му обезбедува реална тактичка слика на бојното поле. Целта е да се воспостави основно ниво на способност со цел командантот и неговите сили да станат посмртоносни и поиздржливи на бојното поле. Овој систем ќе го направи тоа првенствено преку обезбедување на планирање и извршување на функциите како интегрирана способност која претходно била недостапна во интегриран облик. Во системот за контрола на маневарот алатката „план-менаџер“ го поддржува создавањето и дистрибуцијата на планови. Оваа алатка обезбедува шаблони за создавање на планот, примерок за создавање на матрица за синхронизација, поддршка за управување со организациско-формациската структура на единицата и разни урнеци поврзани со планирањето. Системот за контрола на маневарот (СКМ) користи: Надворешни извори: • обезбедува влез во други делови од функционалната област на борбеното поле, користи информации од базата на податоци за размена на информации; • обезбедува информации за други апликации за да се изготват извештаи и мапи. Карти и модули за визуелно прикажување на ситуацијата: • обезбедува карти од алатката за користење карти; • ги пополнува картите со потребните апликации за планирањето и добивањето на вкупна слика …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail