Следење на електронските комуникациии – (не)почитувањето на меѓународните законски стандарди од областа на информатичката комуникација (1)

54binarenkod_1Во овој и следните неколку броеви на „Штит“, поради актуелностите предизвикани од информациите за следење на електронските комуникации од страна на разузнавачки агенции (поради што се анимираше светскиот аудиториум), ќе пишуваме за генезата на следењето на електронските комуникации. Истовремено ќе се спомене и за лустрацијата на овие (не)дела, како и за елаборација на програмите кои се користени од корисниците на интернетот, но се цел и на агенциите заинтересирани за приватноста на нивните корисници. Во поимањето, но и во прагматична смисла на следењето на електронските комуникации со (не)почитувањето на меѓународните законски стандарди од областа на информатичката комуникација ќе се осврнeме и на законските обврски за заштита на приватноста на граѓаните корисници на интернет. Не толку одамна, „свиркачот“ (поранешен вработен во NSA-National Security Agency), Едвард Сноуден, објави дека оваа американска разузнавачка агенција ги следи електронските комуникации на граѓаните во светот. Тоа предизвика сомнеж и револт кај владите на земјите-сојузници на САД, но и кај домашната јавност. Истовремено, противниците на Западот го обвинија за хипокризија и кршење на човековите права. Имено, како што објавија реномираните „The Guardian” и “The Washington Post” ( за репер „The Guardian” се наоѓаат на 210. мeсто во светот, а на 184. место во САД по читаност во време кога се објавени овие информации ) за таа цел е започнат проектот PRISM од страна на NSA и Tempora од страна на GCHQ, (Tempora and Global Surveillance). Дефинирање на PRISM PRISM е програма за масовно електронско следење на податоци од корисници на интернет од страна на НСА. PRISM е проект за таргетирано собирање на мега податоци, нивна анализа, компарација и користење како краен продукт за сопствени цели или надворешната политика на нивниот корисник. Кратенката PRISM значи проект за планирање, интеграција, синхронзација и менаџирање со ресурсите и службено е евидентиран како US-984XN. Ако се направи ретроспектива, ќе се види дека PRISM како проект започнува во 2007 година како рецидив или постулат на проектот Real Time Regional Gateway од 2005 година. Овој проект имал за цел набљудување и пресретнување на информации кои индицирале непријателска активност на бунтовниците во Ирак. Според весникот „The Guardian”, директорот на НСА, Keith B. Alexander, поради позитивното искуството од овој проект, по истиот модел го формирал и започнал проектот PRISM со цел набљудување и пресретнување на сите „интересни” информации и содржини кои датираат во интернет-сообраќајот, особено кај сите видови на социјални мрежи. Тоа што го прави овој проект импресивен е можноста за акумулирање на податоци во живо (мислејќи на комуникација и медиумски записи), огромна способност, виталност и моќност на аналитичко конвертирање на податоците и нивно претворање на кодирана информација во мега датотеки што можат во кое било време да бидат повикувани и вкрстувани со самокодно (от)повикување. Овие мега датотеки обезбедуваат супериорност во менаџирањето со идентификациските кодови на сите граѓани во светот. Имајќи ја предвид глобализацијата како процес (не како прогрес), оној кој ги има (не)значајните податоци за „граѓанинот” ја има супериорноста во областа на одбраната, економијата и, пред сè, меѓународната политика и дипломатија. Несомнено дека „Викиликс“ првично откри дека токму компромитирачките содржини за поединецот или колективот можат да предизвикаат смени и на цели режими, па аналогно на тоа се поставува прашањето дали обезбедувањето на податоци од секој граѓанин значи грубо кршење на човековите права и правата на заштита на приватноста или претставува само превентивен проект за заштита од домашен и увезен тероризам (официјално е одобрен од страна на администрацијата на Буш за борба против тероризмот).  

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail