„Солзи на сонцето“ – Молкот како пораз за човештвото

52tearsofthesun_1Режија: Antoine Fuqua Сценарио:Alex Lasker, Patrick Cirillo Улоги:Bruce Willis, Monica Bellucci, Eamonn Walker, Johnny Messner, Tom Skerritt Музика: Lisa Gerrard, Hans Zimmer Времетраење: 121 минута Година: 2003 Земја: САД Награди: Номинации за наградите „Teen Choice Award“ и „Black Reel“ Американскиот историчар Хауард Зин еднаш рекол дека не постои толку големо знаме што ќе може да го покрие срамот од убивањето на невини луѓе. Ние ќе додадеме дека еднакво лошо на убивањето е да се набљудува од страна како се прави неправда, без да се одговори против неа. За жал, во војната ретко постои фер-игра, а понекогаш, за да се принудат страните да почитуваат одредени начела на војување, потребна е и надворешна интервенција, притисок од меѓународниот фактор. Случајот на злоупотреба на моќта и газењето на меѓународните правила е добро познат на црниот континент и се чини дека уште долго ќе биде дел од него. Преминување на црвената линија Во фокусот на двочасовниот воен трилер „Солзи на сонцето“ е мисијата на специјалната единица „Фоки“, предводена од поручникот А.К. Вотерс за евакуација на американската докторка Лена Кендрикс надвор од Нигерија, земја која се наоѓа на почеток од граѓанска војна. Како што дознаваме од новинарскиот извештај на самиот почеток од филмот, во Нигерија е извршен воен удар со кој е симнат од власта долгогодишниот претседател Семјуел Азука, припадник на етничката заедница Игбо, а неговото семејство заедно со него е експресно ликвидирано. Власта паѓа во рацете на заедницата Фулани кои веднаш пристапуваат кон масовно чистење на сите немуслимани со цел создавање на етнички чиста држава, а започнатиот геноцид првенствено е насочен кон Игбо-народот. Докторката Лена Кендрикс, која лекува болни и повредени заедно со христијански мисионери во една црква длабоко во џунглата, како немуслиманка е потенцијална цел на воената полиција која брзо и безмилосно го спроведува геноцидот низ целата земја. Затоа, специјалниот тим на поручникот Вотерс мора да дејствува брзо, да стигне до неа и да ја однесе безбедно преку границата, во Камерун. Операцијата тече по зададениот план, Кендрикс е лоцирана брзо и таа се согласува да замине со нив, но под еден услов – со неа да бидат евакуирани и 70 пациенти од нејзината болница кои одбива да ги остави на немилоста на Фуланите. Согласно неговата репутација на човек кој немал неуспешна мисија, поручникот ѝ ветува дека нејзините пациенти ќе бидат евакуирани но, всушност, има друг план – да ја доведе докторката до хеликоптерот и само неа да ја пренесе надвор од државата. Но, некаде на половина пат од извршување на наредбите, Вотерс се предомислува. Што е тоа што ќе предизвика неочекувана промена кај него и ќе го разбуди сочувството не ни е доволно јасно, но како и да е, тој го менува текот на мисијата и спротивно на наредбите, се инволвира во конфликтот. Со ненадејниот пресврт во неговиот ум и срце, неговата цел ќе биде безбедно пренесување на сите пациенти на Кендрикс, заедно со неа до границата со Камерун, каде ќе може да побараат азил како бегалци. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail