„Пурпурна плима“

filmcrimsontide1Кога ќе се спојат на еден заеднички проект Тони Скот со неговата маркантна филмска кариера изградена на хит-трилери, Џери Брукхајмер, најпознат по телевизискиот криминален серијал „ЦСИ – Истрага на местото на злосторството“ и докажаниот американски филмски херој Дензел Вашингтон, тогаш несомнено таа соработка резултира со блокбастер. Иако е стар речиси две децении, филмот „Пурпурна плима“ (Crimson Tide) важи за еден од најдобрите холивудски воени филмови, делумно поради патриотската атмосфера, надополнета со впечатливи ефекти и филмската музика на Ханс Цимер, која остана како една од најпрепознатливите мелодии од светот на седмата уметност, а која самиот автор ја карактеризира како една од неговите најомилени напишани композиции. Грандиозната „Алабама“ Според многу работи овој филм ќе ве потсети на „К-19 – Создавач на вдовици“, кој веќе ви го претставивме на страниците на „Штит“, најмногу поради тоа што и во двата филмови дејството генерално се одвива под вода. Овде, подморницата е „УСС Алабама“, шесткатната американска гордост натоварена со нуклеарни проектили и торпеда, предводена од легендарниот капетан Френк Ремзи (одигран од Џин Хекман), човек со несоборливо реноме и искуство, како и татковски шарм кој оддава чувство на авторитет и доверба, ветеран од Студената војна. Наспроти него е вториот човек на бродот, извршниот офицер Рон Хантер (Дензел Вашингтон), на почетокот од својата кариера, а сепак веќе познато надежно име во морнарицата, внимателен, тивок, промислен во дејствувањето. Околностите ќе ги спојат патиштата на овие два ликови, кога се пратени на заедничка мисија за да ја спречат заканата од настанување на Трета светска војна, која со оглед на нуклеарниот карактер, би имала фатално влијание на светот. Опасноста настанува кратко по завршувањето на Студената војна, кога политичката нестабилност во Русија резултира со преземање на базите со нуклеарни проектили од страна на руски екстремист. Неговиот гнев е насочен кон САД и Јапонија, на кои им се заканува со лансирање на проектилите. Единствено што му недостасува на националистот за да пристапи кон реализирање на неговите намери се кодовите кои ги нема. Во страв дека ќе успее да стигне до нив, руските власти бараат помош од американската влада и тогаш на сцената стапува подморницата „Алабама“, која се упатува кон руското копно за да подготви одбрана во случај на евентуален напад. Судбината на американскиот народ, но и на целиот свет е ставена во рацете на најдобрите одбрани луѓе од морнарицата кои го сочинуваат екипажот на подморницата. …повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail