18 АВГУСТ ДЕН НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Untitled-1
Армијата на Република Македонија е важен столб на нашата независност. Армијата на Република Македонија ја отсликува реалната структура на македонското општество и ја чува нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски.
Армијата на Република Македонија, секогаш е присутна кога треба да се помогне и да се совладаат големите природни непогоди и состојби на прогласена кризна состојба.
Со својата реформска посветеност, професионалност во извршувањето на одговорните задачи и постигнатите резултати во мировните мисии, Армијата на Република Македонија е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбраната на споделените вредности – мирот, безбедноста и демократијата, бидејќи Армијата на Република Македонија е докажан контрибутор кон светскиот мир во мисиите ширум светот.

Нека е честит и овој 24. роденден на Армијата на Република Македонија!

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail