Со воена свеченост одбележан Јубилејот 25 години АРМ

1-Единиците од гарнизонот  Куманово во касарната „Боро Менков“, Куманово со воена свеченост го одбележаа 18-ти Август, Денот на АРМ. По повод 25 години од формирањето на АРМ  согласно Правилото за воен протокол се реализираа низа активности, интонирање на државната химна на Република Македонија и химната на АРМ, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починатите припадници на АРМ, честитање на празникот, пригоден говор, читање стимулативни мерки и наредби за унапредувања на старешини, врачување на одликувања, награди и пофалби и честитки. Командантот на здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески  честитајќи го празникот меѓу другото истакна „АРМ денеска го одбележува својот 25 годишен јубилеј, тоа се години на пожртвуваност, стремеж, желби, знаење, умешност и храброст. 25 години упорна работа исполнета со многу предизвици, 25 години вградени од нашите животи и професионални кариери на генерации офицери, подофицери и војници“.

 По завршување на официјалниот дел од прославата беше организиран ТТ збор на вооружувањето и опрема со кои располага единицата.На прославата беа поканети и присуствуваа претставници од државна управа, јавните установи и служби, преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои АРМ  има соработка.

 

Во велешката касарна свечено одбележан Денот на АРМ

info 3-Во Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“во Велес традиционачлно свечено  беше одбележан 18 август Денот и 25 роденден на АРМ. До присутните се обрати командантот на КОД полковник Љубенчо Петровски Тој потсети за историската Славеј Планина каде на 18 август во 1943 година  е формиран првиот баталјон „Мирче Ацев“ како прва регуларна единица на Народноослободителната војска на Македонија и тој ден се слави како Денот на АРМ. Тој потенцираше дека АРМ во сите 25 години постојано расте и се развива во современа армија.„АРМ е столбот на државноста која ги брани границите и суверенитетот на земјата.АРМ чекори гордо на својот пат,беспрекорно извршувајќи ја својата најзначајна улога а тоа е одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата“,потенцираше половник Петровски. На денешната свеченост согласно издадената наредба на началникот на ГШ на АРМ и командантот на КОД унапредени, во повисоки чинови на АРМ, наградени и пофалени беа петнаесетина припадници на АРМ.

А.Д.

Концерт по повод 25 години АРМ

2-Во рамките на активностите за прослава на Јубилејот 25 години АРМ Воениот оркестар на АРМ одржа значаен концерт на воена музика во Домот на АРМ во Скопје. Како и многупати досега Воениот оркестар од составот на Баталјонот за почести изведе композиции од познати домашни и странски автори, но и нови оригинални чекорници и маршеви пристигнати на конкурсот, распишан од Министерството за одбрана. Воениот оркестар покрај  изведбата на воени чекорници која имаше натпреварувачки карактер и на која се избраа победнички композиции изведе и повеќе маршеви од познати светски композитори. Воениот оркестар во досегашниот период во  соработка со локалните самоуправи во повеќе наврати реализира многубројни концерти низ Република Македонија, како и повеќе самостојни концерти во главниот град на Република Македонија. Во текот на минатата година беа реализирани настапи во Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија, со што достојно да ја претставува Армијата на Република Македонија и на меѓународен план.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail