СИСТЕМ СО УБЕДЛИВО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ НАРОДОТ

На 18 Август  АРМ ја прослави својата 25-годишнина. Четврт век главен столб на нашата држава, гарант на нашиот мир и опстанок

PRM Ivanov garda ARM 25 god jubilej Воениот стадион во Скопје беше местото на кое се случи главната манифестација за одбележување на 18 Август –Денот на Армијата на Република Македонија, која оваа година слави 25 години од своето формирање во далечната 1992 година. Вечерта на 18 август на стадионот пристигнаа највисоките претставници на државата, меѓу кои претседателот на Р. Македонија и врховен командант на АРМ, Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија Таљат Џафери, министерката за одбрана  Радмила Шеќеринска, началникот на ГШ  на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, претставници на дипломатскиот кор во РМ, но и голем број обични граѓани,  кои со своите семејства сакаа да се придружат кон прославата на Денот на Армијата. sekerinska govor - 25 god arm

Претседателот Иванов во своето обраќање во концепциска смисла ја дефинираше АРМ како клучен столб во системот на државната власт и говореше за нејзината поливалентност, можност да учествува во најодговорни ситуации и да биде употребена во секаков вид на вонредни ситуации кои понекогаш знаат да ја загрозат внатрешноста на државата и во човечка и во материјално – имотна смисла. Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шеќеринска  во својот говор ретроспективно ги потенцираше самите почетоци во создавањето на АРМ, сите развојни фази како посебни специфики во нејзиниот растеж, како и за мултиетничкито карактер на истата како пресуден аргумент за нејзина потполна ефикасност во функционирањето. „Широкиот консензус околу НАТО не е флоскула, не е мит за апсолутна и вечна сигурност. Граѓаните на Македонија гледаат на светот околу себе. Гледаат и заклучуваат со свои очи, низ свои примери ,  од свои искуства дека државите кои се внатре во НАТО, стануваат побезбедни со повеќе економски инвестиции, функционална правна држава и поголем економски раст“ – поентираше министерката Шеќеринска, притоа објаснувајќи го бенефитот  од  членството во НАТО.

Пред главната свеченост   на Воениот стадион во прилог на одбележување на „25 години АРМ“, имаше тактичко-технички збор на кој можеа да се видат делови од опремата на АРМ. А, над небото во Скопје во текот на свечениот ден кружеше армиски хеликоптер со припадниците од специјалните единици кои го виореа знамето на Р. Македонија. После официјалниот дел, на стадионот имаше и забавен дел кој го предводеа познати „ди џеи“, кои низ занимлива музичка програма успеаа да го привлечат вниманието на сите посетители кои ги имаше во голем број  и кои беа воодушевени од виденото и слушнатото.

Утрото на 18 август на платото пред Генералштабот и МО се одржа постројување на дел од припадниците на АРМ и во присуство на  вработените од МО и АРМ свечено се одбележа Јубилејот „25 години АРМ“. На почетокот на  свеченоста министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник, Методија Величковски положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители од 2001 година. На свеченоста беа прочитани наредбите за унапредените старешини и беа доделени признанија, награди и значки за придонес и развој на МО и АРМ.
Во чест на одбележувањето на Денот на АРМ,  делегации од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија положија венци со свежо цвеќе и пред Споменикот на Партизански гробишта, на вечните домови на поранешните претседатели и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Во прилог на овој голем ден – Роденден на АРМ во сите гарнизони ширум државата имаше достојни прослави и свечености и во тој поширок формат  кој многу порано го најави овој ден се случија и бројни спортски активности, натпревари, крводарителски акции и ред други настани кои го збогатија портфолиото на нашта армија со нови содржини кои остануваат архивирани.

Воениот оркестар од Баталјонот за воени почести во очи на големиот  јубилеј „25 години Армија на Република Македонија“ одржа свечен концерт во Домот на Армијата во Скопје.  Многубројни посетители имаа несекојдневна можност да ја видат музејската изложба на тема „25 години АРМ“.  А, ден пред централната прослава претставниците на медиумите беа поканети во касарната „Илинден“  во пријатен амбиент и незадолжителен разговор со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ генерал-потполковникот Методија Величковски да ги споделат своите мисли и новинарски прашања од областа на одбраната и јубилејот на Армијата на Република Македонија.

Ова навистина беше значаен јубилеј  – јубилеј кој раскажува  една уникатна приказна која  содржи многу фази и настани кои воопшто не беше лесно да се изодат. И затоа, со гордост можеме да заклучиме дека денес,  Република Македонија има свои вооружени сили кои во силната геополитичка – регионална и пошироко  континентална – светска  мапа, ја гарантираат државната целовитост и најавуваат меѓународни победи за државата во нејзиниот силен стремеж конечно да се најде таму кај што и е местото, во големото семејство на евроатлантските народи. Во таа насока сите надлежни авторитети секогаш треба да се грижат за нејзина модернизација и пристоен стандард за сите нејзини припадници.

 25 години да бидеш стража на државата воопшто не е мала работа.

Нека е честит и вечен Денот на нашата армија – Армијата на Република Македонија!

Митко Василевски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail