ПРЕВЕДУВАЧИТЕ ВО МИРОВНИТЕ МИСИИ

ПОТРЕБАТА ОД КОРИСТЕЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ

?????????????????? ПРЕВЕДУВАЊЕТО, ПОТОЧНО ТОЛКУВАЊЕТО НА ЕДЕН ТЕКСТ ОД ЕДЕН НА ДРУГ ЈАЗИК БАРА ТИМСКА РАБОТА, БЛИСКА СОРАБОТКА И ВИСОКО НИВО НА ДОВЕРБА, А СЕ РАЗБИРА И ГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ. ОВОЈ НАПИС ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ПРЕНЕСЕ ДЕЛ ОД ИСКУСТВОТО НА ПРЕВЕДУВАЧИТЕ ВО МИРОВНИТЕ И ДРУГИ МИСИИ СО ЦЕЛ ДА ДАДЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС ЗА ЛИЦАТА ИНВОЛВИРАНИ ВО ПОДГОТОВКАТА НА ПЕРСОНАЛ ЗА МИСИИ. ИСТО ТАКА, ОВОЈ ТЕКСТ ИМА ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ СВЕСТА ЗА ПОСЕБНОСТИТЕ И СПЕЦИФИКИТЕ НА ТОЛКУВАНАТА-ПРЕВЕДУВАНАТА КОМУНИКАЦИЈА ВО МИРОВНИТЕ И ДРУГИ МИСИИ, КАКО И ДА ДАДЕ СВОЈ ПРИДОНЕС ВО ЗАПОЗНАВАЊЕТО СО ОСНОВНИТЕ ВЕШТИНИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ТАА ЦЕЛ, НЕ САМО ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ЛИЦЕ КОЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПРЕВЕДУВАЧ, ТУКУ И ОД ПРЕСПЕКТИВА НА ЛИЦЕТО КОЕ ДЕЛУВА ВО ФУНКЦИЈА НА ПОМОШНИК ПРИ КОМУНИКАЦИЈАТА

Иако сè повеќе ширум светот се учи англискиот јазик, а членовите на ми­сијата вообичаено зборуваат повеќе јазици, мисиите на ОБСЕ сè уште обезбедуваат преведувачки услуги за состаноци и преговори. Членовите на една мисија не би требало да претпоставуваат дека луѓето не зборуваат англиски јазик бидејќи припаѓаат на некоја посебна заедница или бидејќи не можат отворено да кажат нешто на англиски јазик. Ваквата претпоставка може да доведе до непријатни ситуации и да биде пречка за напредок и успеси-достигнувања. Од друга страна, пак, членовите на мисијата не би требало да претпоставуваат дека секој зборува англиски јазик, дури и во ситуации да се биде со луѓе кои кимаат со главата и ги признаваат или ги прифаќаат дадените коментари. Тоа едноставно може да биде нивниот начин на кој ја изразуваат својата љубезност. Многумина, иако може да се добри говорници во „lingua franca” или јазикот кој се говори во кругот на мисијата, сè уште претпочитаат да користат преведувач од повеќе причини, како на пример, дури и најмалите грешки може да бидат непријатни и да чинат многу повеќе, па затоа употребата на преведувач е начин со кој се купува време, при што членовите на мисијата добиваат можност да формулираат соодветен одговор или да направат процена на кажаното.
Сепак, да се реализира ефективна кому­никација преку преведувач е вештина која мора да се научи и за која има потреба од внимателна подготовка, тимска работа и постојано усовршување. Во продолжение ќе наведеме дел од прашањата или проблемите на кои членовите на една мировна или друга меѓународна мисија треба да посветат внимание.

Прва средба со преведувачите-толкувачите
По пристигнувањето во новата мисија на теренот, од посебно значење е членовите на мисијата да воспостават добар и професионален однос со толкувачот(те) /преведувач(те). Најверојатно, членовите на мисијата ќе увидат дека преведувачите се навистина од голема полза уште во процесот на ориентирање, односно запознавање со новата средина. Имено, преведувачите можат да им помогнат на членовите на мисијата да ја запознаат заедницата, нејзините традиции, проблеми, лидери и слично.
Кога се вработуват нови преведувачи не може да се очекува дека сите тие ќе го знаат секој специфичен термин и изрази кои се користат, на пример во мисијата на ОБСЕ или ОН. Членовите на една мисијата би требало да ги проценат недостатоците во нивната подготвеност или познавање на англискиот јазик во однос на специфичните теми кои би се преведувале. Членовите на мисијата би требало да им помогнат да се поправат и да се усовршат, посебно на почетокот од ангажманот и да се дефинираат односите и очекувањата. Ова е единствен начин да се формира еден добар тим. Членовите на мисијата би требало да одвојат време и да поразговараат за очекувањата на двете страни, со што би се воспоставиле основи за заемно разбирање и почи­тување.
Планирање на настан за кој има потреба од преведување
Ако добрата и навремена подготовка е клуч за успешен состанок, истото се однесува и за успешноста на состанокот за кој има потреба од преведување. Постојат голем број на прашања што членовите на мисијата на ОБСЕ или ОН би требало да ги дискутираат пред настанот. Меѓу другото, овде спаѓа информирањето, познато како „брифирање“ на преведувачот пред настанот и договарање на агендата и специфичната логистика поврзана со настанот.

Информирање, односно „брифирање“ на преведувачите
Не постои замена за еден добар брифинг. Како што никој не би помислил да ангажира по­мошник (асистент) и да му каже „Овде е ва­шето работно место, ајде работете“, така и членовите на мисијата не би требало да очекуваат еден преведувач да знае сè. Во зависност од степенот до кој преведувачот е запознат со темата/предметот, толку самиот преведувач ќе може да биде продуктивен.
Доколку членовите на мисијата одвојат доволно време за подготовка на сесијата и да му помогнат на преведувачот да се подготви за истата, толку поефективни ќе бидат состаноците или сесиите. Секогаш кога постои можност треба да се направи обид на преведувачот да му се даде листа на специфична терминологија неколку дена порано. Ако постојат материјали кои ги даваат специфичните термини, во тој контекст би било посебно добро истите да им се дадат на преведувачите. Ова се однесува на кратенките и на други кованици (акроними).Еден добар брифинг вклучува: информации за агендата на состанокот, целта на патувањето, содржина на говорот, информации за времето и местото на одржување на состанокот или настанот и алтернативни ( back-up) аранжмани; информации за нивото на формалност на настанот и за учесниците; посакуваниот стил на преведување за настанот (консекутивен, симултан или со шепотење). Затоа, не треба секогаш тврдоглаво да се држиме до проблемот додека не го решиме, туку треба да продолжиме да го решаваме следниот.

ПРОБЛЕМАТИЧНИ СИТУАЦИИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ

Тешки теми
Понекогаш темата која се дискутира може да биде непријатна, па дури и шокантна. На самиот терен, посебно во конфликтните општества, може да биде тешко да се справиме со емоциите, посебно ако се однесуваат на кршење на човековите права или слично. Таквите дискусиите може да им бидат тешки на преведувачите зашто може да им разбудат ужасни спомени. Во вакви случаи се прави компромис, односно ако искуството е премногу болно и свежо, се советува да се побараат алтернативни аранжмани, како на пример повремено менување на преведувачите.

Проблематични, односно тешки луѓе
Понекогаш членовите на мисијата треба да одржуваат состаноци со поединци чие однесување или став можеби не е соодветно за да се постигне добар резултат. Меѓу факторите кои би можеле да доведат до таква ситуација спаѓаат: еквивалентните партнери од другата страна (counterparts) кои не знаат да работат со преведувачи, со што настанува конфузија, па може да се испровоцира дури и непријателство; еквивалентните партнери од другата страна (counterparts) кои избрале стил на говор кој преферира проповедање или „како да држиш предавање“ наместо едноставност, прецизност или директен јазик; еквивалентните партнери од другата страна (counterparts) кои прифатиле тон-став на застрашување, како на пример критикување, проповедање и монолози; еквивалентните партнери од другата страна (counterparts), кои сакат да ги едуцураат слушателите за целата историја на регионот и еквивалентните партнери од другата страна (counterparts), кои се обидуваат да го тестираат професионалниот однос на членовите на мисијата или да ги заплашат преведувачите. Членовите на мисијата би имале задача да го пренасочат текот или едноставно да ја прекинат дискусијата. Тие имаат обврска да воспостават професионална рамнотежа која ги почитува културните потреби без да се загрозат целите и мандатот на мисијата. Не би требало да биде проблем учтиво да се укаже на бесмисленоста на дополнителна едукација по историја или дека времето е ограничено, како и да се потсетат учесниците за целта на состанокот. Ако бидат доведени во одредени слични ситуации, членовите на мисијата би требало да обезбедат јасни и конзистентни одговори кои се фокусирани на задачата и професионализмот на мисијата, со што ќе ја обезбедат безбедноста на персоналот.

Женски персонал
Членовите на мисијата треба да се свесни за специфичните услови кои може да се однесуваат на вработувањето на локален персонал од женски пол. Да се има работа, јавна улога и приход може да биде нова општествена појава за жените во регионот на мисијата. Општа појава е жените во постконфликтните општества честопати да преземаат повеќе јавни и приватни обврски, да станат глава на домаќинствата и да се вработуваат. Во ситуации кога повеќето мажи се регрутирани во вооружените сили, поголема е веројатноста голем дел од преведувачите да се припаднички на женскиот пол. Освен тоа, работата која е во непосреден контакт со мажи, патувањето без придружба, престојување надвор и слично, може да го претвори овој женски персонал во една ранлива категорија, подложна на критики, па и на напади од страна на другите членови на заедницата. Затоа од големо значење е да се имаат предвид родовите импликации при планирањето патувања, состаноци, превоз до работа и сместување. На пример, ОБСЕ и членовите на мисијата имаат обврска да го штитат угледот на локалниот персонал на ОБСЕ.
Со надеж дека овој напис ја истакна улогата на преведувачите како категорија која е витална за една мировна мисија и ја искажа почитта кон оваа професија и кон луѓето кои со гордост и љубов ја извршуваат, не само во мировни мисии туку и воопшто,како дел од секојдневните обврски на работното место преведувач, овој напис го завршувам со следниов цитат:
„Јас имам предрасуди во однос на луѓето кои печатат материјали на странски јазик, а не додаваат превод. Кога јас сум читателот и другите ме сметаат за способен да се преведам самиот себе, ми даваат убав комплимент – но ако тие го направат преводот без мене, јас ќе се обидам да преживеам и без комплиментот“.

Марк Твен
(„Скитник во странство“ – „A Tramp Abroad“)

м-р Билјана Поповска

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail