„Подготвување вежби на национално ниво 2“

DSC_0419Од 29 до 31 август во Домот на АРМ во Скопје, Министерството за одбрана во соработка со Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corps of Engineers), ја реализираа   Работилницата која претставува продолжение/континуитет на работилниците за Планирање на сценарио Фаза I-IV, кои се реализираа во фискалната 2016 година и на работилниците за Планирање вежби на национално ниво кои се планирани за 2017 година.

            „Целта на овој настан е Македонските национални институции одговорни за подготовки и управување со кризи, врз основа на извршена проценка на ризици, да тренираат креирање и изработка на повеќегодишен план за обука и вежби кој ќе овозможи да се градат и одржуваат основни способности за успешно справување во случај на итни и кризни состојби“ – рече на отвoрањето на работилницата rаководителот на Секторот за цивилно-воена соработка, Тони Петрески.

Повеќегодишниот план за обуки и вежби ќе овозможува институциите да учествуваат во серија вежби чијашто комплексност постепено се зголемува, при што секоја вежба којашто се спроведува е покомплексна од претходната сè додека не се совладаат сите.  Понатаму, со вклучување на потребите за обука во процесот на планирање, институциите можат да ги отстранат недостатоците пред спроведувањето на вежби за зголемување на способностите.

            Се дискутираше за поединостите и побарувањата на планирачките состаноци/работилници за организирање и реализација на ТТХ вежба од областа на управување со кризи која  се планира за 2018 година и ќе се состои од одржување на следните настани:

  • состанок/работилница за изработка на концептот на вежбата;
  • иницијален планирачки состанок/работилница;
  • главен планирачки состанок/работилница;
  • финален планирачки состанок/работилница;
  • ТТХ вежба-реализација.

Работилницата се одвиваше преку пленарни сесии и работа во групи.

Покрај Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, учество земаа: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за локална самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за финансии-Царинска управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-Управа за хидрометеоролошки работи, Дирекцијата за радијациона сигурност, Локалната самоуправа на град Скопје, Сеизмолошката опсерваторија, Црвениот крст на Република Македонија и Воената академија.

Кристина Илиевска

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail