Нелинеарна војна

Во последните неколку години во воената наука се почесто доминира терминот „нелинеарна војна“, кој за разлика од термините „хибридна“ и „асиметрична“. Концептот за нелинеарност е источен и се занимава со непредвидливост и хаос на војната. Нелинеарното војување е спротивно на традиционалните западни сфаќања на војната бидејќи не опфаќа изработка на чек-листи. Додека западната воена мисла е во потрага по ред и цивилизација, овој тренд е флексибилен, со наклонетост кон традицијата и културата

Терминот „нелинеарна војна“ се појави неодамна како руски концепт на пролонгирана специјална војна каде со психолошки операции се проектира перцепција на несигурност. Проекцијата на перцепција содржи планирани лаги и прикривање на вистината за да се обликува мислење кај целната група. Руската нелинеарност постои уште од Студената војна. Инвазијата на Авганистан во 1979 година започна со тоа што советски војници облечени во авганистански униформи ги запоседнаа владините објекти пред да започне официјално целата операција

Додека запад се занимаваше со нерегуларното војување насочено против недржавни актери и бунтовнички движења, Русија ја модифицира нерегуларноста во уникатен начин на војување поттикнато од државен актер. Ова до некаде го постигнаа специјалните сили на САД во повеќе земји од третиот свет, но во ограничена мерка на ниво на противбунтовништво. Советите ја преточија нерегуларноста на војувањето во воената доктрина на државно ниво, т.е. постигнаа нерегуларно војување од позиција на државен актер

Концептот за нелинеарна војна сериозно ја тестира ефикасноста на западната оперативна вештина. Додека западниот начин на војување се занимава со воспоставување на предвидливост и контрола на војната, концептот за нелинеарност е источен и се занимава со непредвидливост и хаос на војната. Нелинеарното војување е спротивно на традиционалните западни сфаќања на војната бидејќи не опфаќа изработка на чек листи. Додека западната воена мисла е во потрага по ред и цивилизација, овој тренд е флексибилен, со наклонетост кон традиција и култура.

Нелинеарната војна е продукт на преголемата комплексност на современото општество. За разлика од минатите линеарни војни во кои победникот земал сè, денес тешко може да се предвиди во кој правец ќе се одвиваат настаните. Се почесто во војните или нема победник или спротивставените страни истовремено сметаат дека победиле. Бидејќи војната веќе не може да се контролира, таа мора да се менаџира. Концептот за реформи на воените работи вели дека некои промени во воените работи со менување на начинот на војување го менуваат и самото општество. Нелинераното војување е продукт на обратен процес, кога проментите во општеството поттикнуваат промени на самите воени работи т.е. го менуваат начинот на војување. Адам Куртис во документарниот филм „Хипернормализација“ од 2016 година открива дека уште во 70-тите години од минатиот век, владите на државите, банкарите и технолошките утописти сфатиле дека е невозможно да ја контролираат комплексноста на „вистинскиот свет“. Оттогаш е создаден „лажен свет“ кој се обидуваат да го управуваат корпорации, додека политичарите само го одржуваат стабилен. Оттука започнува идејата дека е залудно да се планира во детаљ однесувањето на политиката и војната.

Додека во минатото доминирале линерани односи во општеството кои биле поедноставни, денес владеат нелинеарни односи кои се далеку покомплексни. Меѓутоа, суштинската разликата меѓу двете општествени парадигми е интензитетот на контролата. Нелинеарноста е многу потешка да се предвиди и контролира од линеарноста. Најинтересен феномен кој е последица на линераното размислување се теориите на заговор. Во човековата природа постои наивна потреба дека е подобро да се верува дека работите се под контрола отколку дека не се. На луѓето им е полесно да веруваат дека некој сепак е одговорен за се што се случува (дури и за негативни работи, за да има кого да обвинат), отколку да прифатат дека не постои секогаш план и работите претежно се случуваат хаотично и стихијно. Иако теориите на заговор нудат комфор дека постои контрола и некој управува со светот, реалноста е дека тоа е невозможно.

Политичките процеси се премногу поврзани, сложени и зависни со огромен број варијабли на други процеси во општеството за да може да бидат потполно контролирани. Единствено нешто блиску до завера е идејата за креирање на перцепција дека постои контрола и работите се одвиваат според однапред планирано сценарио. Меѓутоа, теоријата на хаос особено важи за современото општество. Обично со вешто користење на логички замки само се креира наратив откако нешто ќе се случи за да се претстави перцепција на реализиран план. За да се сфати концептот на нелинерано војување, потребно е нелинерано размислување. Ова треба да го надмине познатото „размислување надвор од кутијата“, кое е само благ обид за дистанцирање од линераното размислување. Нелинераноста подразбира прифаќање дека не постои „кутија“. Нелинераното војување се фокусира на прилагодување на промените, проценка на ризик, планирање на сценарија и користење на „прозорци на можности“, т.е. да се дејствува тогаш кога ќе се укаже шанса.

Стратегијата на нелинеарна војна е контрадикторна на самиот поим: не се знае крајната цел. Тоа е нов вид војување во кој тешко се идентификуваат намерите на противникот, бидејќи ни тој самиот ги нема јасно дефинирано. Ова не би имало смисла во минатото, но денес кога кој било потег на воено-политичката сцена може да излезе вон контрола, намерите се сведени на можни опции во зависност од тоа како ќе се одвива дејството. Крајната цел во нелинеарна војна не е да се победи, туку да се искористи конфликтот за создадавање на перцепција на постојана нестабилност која ќе може да се менаџира и контролира. Оттука, претстојната ера на нелинерано војување може револуционерно да влијае на самата природа на војната, нешто за кое следбениците на Клаузевиц сметаат дека е невозможно. Во глобалното војувалиште во кое допрва ќе доминира нелинераното однесување, никој нема да тежнее кон престанок на војната. Таа нема повеќе да биде отсуство на мир туку ќе се претвори во „нормална“ состојба.

Терминот „нелинеарна војна“ се појави неодамна како руски концепт на пролонгирана специјална војна каде со психолошки операции се проектира перцепција на несигурност. Проекцијата на перцепција содржи планирани лаги и прикривање на вистината за да се обликува мислење кај целната група. Руската нелинеарност постои уште од Студената војна. Инвазијата на Авганистан во 1979 година започна со тоа што советски војници облечени во авганистански униформи ги запоседнаа владините објекти пред да започне официјално целата операција. Овој начин на прикривање на намерите русите го повторија во 2014 година на Крим, кога со необележани војници ги блокираа украинските воени објекти.

Додека запад се занимаваше со нерегуларното војување насочено против недржавни актери и бунтовнички движења, Русија ја модифицира нерегуларноста во уникатен начин на војување поттикнато од државен актер. Ова до некаде го постигнаа специјалните сили на САД во повеќе земји од третиот свет, но во ограничена мерка на ниво на противбунтовништво. Советите ја преточија нерегуларноста на војувањето во воената доктрина на државно ниво, т.е. постигнаа нерегуларно војување од позиција на државен актер. Во делот на доктрината „маскировка“, ова било интегрирано како концепт на „рефлексивна контрола“, каде би се водела нерегуларна војна со помош на државни капацитети. Повеќе автори денес сметаат дека т.н. руска „хибридна“ војна влече корени од овој советски концепт на „рефлексивна контрола“.

Тоа е метод на проектирање на перцепција кај противникот со однапред подготвени информации за да се принуди да одлучува во правец на однапред очекувано сценарио. Така иницијаторот е секогаш чекор пред противникот и го наведува да одлучува без план (да реагира рефлексно), за потоа да следува нов информациски пакет (контрола заради изнудување на нов рефлекс). Бидејќи најчесто постојат непредвидливи рефлекси, иницијаторот планира голем број на сценарија во форма на алгоритам и на тој начин „предвидува“ што ќе се случи. Всушност, иницијаторот побрзо се прилагодува бидејќи размислува нелинерано (сценарија во повеќе правци), додека противникот е присилен да размислува линеарно (преокупиран е да решава конкретно наметнат проблем). Најдобар пример за ова е конвојот со хуманитарна помош за источна Украина кој театрално се движеше со денови кон Украина покрај предупредувањата на ЕУ и Украина дека не смее да влезе во земјата без дозвола. Кога русите увидоа дека не постои физичка опасност конвојот да биде насилно спречен, продолжија до целта. Доколку Украина преземеше ризик и одговореше на блефот со сила, можеби конвојот ќе застанеше, а можеби ќе беше повод за војна. Бидејќи иницијатори на рефлексивната контрола беа руските воени планери, само тие знаат кој би бил одговорот на таквиот украински рефлекс.

Бидејќи војната според повелбата на ООН е практично забранета и се потешко е државни актери легитимно да тргнат во војна, нелинеарниот концепт нуди нова опција за идните војни. Тоа би било комбинација на доктрина на одвраќање, употреба на воена сила со низок интензитет и дејствување преку трети страни. Нелинераноста значи дека ќе се војува, но никој нема да биде директно вклучен во војната. Ќе биде очигледно кој е агресор, но или нема да може да се докаже или нема да се докажува за да не се нарушат дипломатските односи. Нелинеарното војување ќе започне ера на нечесни војни и нечесна дипломатија во која никој нема да биде одговорен. Ќе се сокриваат не само целите туку и актерите, или воопшто нема да постои крајна цел, туку само насочување на дејството кон генерално посакувана состојба, а одлуките би се донесувале ад хок во зависност од импутот – реакцијата на инволвираните страни.

Нелинеарноста може набрзо да стане доминантна алатка во идната воена стратегија. Бидејќи сите доктрини ги подготвуваат војските да бидат прилагодливи и флексибилни, нелинеарната доктрина намерно ќе ја менува стратегијата за противникот да не може да постигне да се прилагоди. Перцепцијата ќе се менува толку брзо што ќе биде невозможно да се знае што точно се случува. Додека жртвата сфати што и се случува, веќе ќе биде доцна бидејќи после секоја реакција веднаш ќе следува подготвено сценарио и ќе мора од почеток да бара решение. Онаа страна која ќе практикува нелинераност ќе постигне ултимативно изненадување и иницијатива на боиштето. Најдобар пример за ова се „малите зелени луѓе“ кои се појавија на Крим во 2014 година. Иако сите претпоставуваа дека се руски војници, неколку дена ни запад не се осмели да ја обвини Русија, додека не беше доцна. Во нелинераната војна нема да се знае ни кој е противникот ни кои му се целите.

Со развој на планирачки алатки и процеси, западната оперативна вештина е во зенитот на својата предвидливост. Оттука, нелинераноста е нов предизвик, бидејќи ги урива постоечките доктринарни достигнувања. Непредвидливоста отсекогаш давала предност, но во време кога модерните војски се фокусирани на моделирање на војната да биде што е можно повеќе предвидлива, ова сериозно ги исмејува сите теории. Не треба да се потсетува дека тероризмот е всушност круна на нелинераната креативност. Терористичките напади во Европа во последните две години покажаа дека повеќе не е потребно ни огнено оружје за да се предизвикаат масовни жртви.

Нелинеарно војување ќе биде прикриено, нема да се знае врската меѓу актерите и ќе се менуваат односите меѓу нив, ќе се кршат норми, правила на војување и меѓународни закони. Новата студена војна ќе биде во знакот на нелинеарно војување во која ќе доминираат информациските операции за менаџирање на перцепција и силите за специјални операции како субверзивна алатка. Во оперативната вештина на нелинеарното војување и понатаму ќе се обединуваат целите, средствата и методите, но тие ќе бидат непостојани и ќе се менуваат, толку брзо да не може да му се влезе на противникот во глава која е всушност неговата оперативна вештина. Нелинеарното војување ќе биде шок за западниот начин на војување кој тежнее да биде транспарентен и директен бидејќи ќе ја има главната карактеристика на источниот: измама.

 Ѓорѓи Вељовски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail