„Летен Кампус 2017“

радицијата на одржување на студентски летен кампус   во Центарот за обука „Пепелиште“ и оваа година нè импресионираше со огромната енергија, вештини и знаења кои ги  демонстрираа студентите од голем број воени академии од регионот и пошироко, кои учествуваа на оваа значајна меѓународна активност во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Оваа година на Кампусот 12 земји испратија 116 учесници кои ја отсликуваа регионалната и континентална застапеност на истиот, со оглед  на тоа што и овој пат доминираа припадници на армии кои се членки на НАТО како САД, Чешка, Германија, Норвешка, Полска, Романија, Бугарија, Албанија, Црна Гора како и регионалните аспиранти, Босна и Косово.

Ние како редакција секое лето ги следиме активностите по повод овој значаен  образовно- одбранбен проект во вид на летен кампус,  и крајот на јуни и почетокот на јули  ни се резервирани токму за овој настан, за кој авторитети поврдуваат дека секоја наредна година е сè подобар.

На свеченото отворање на Кампусот  присуствуваше и се обрати министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска. Во своето обраќање таа ги потенцираше сите аспекти кои ги третира оваа  манифестација, и од друга страна ги афирмираше пораките и заклучоците кои прозилегуваат од истата и кои се иманентни  на реномето на самиот „ кампус“.

Во присуство на директорот на ГШ на АРМ, генерал- мајор Димче Петревски, ректорот на Универзитетот „ Гоце Делечев- Штип“, професор  д- р Блажо Боев, деканот на Воената академија „ Генерал Михајло Апостолски“, полковник д- р Орце Поповски, како и многу одбранбени атешеи, министерката Шекеринска истакна дека „Летниот кампус“ е пример за заедничка, регионална и мултилатерална  соработка и за партнерствата кои ја дефинираат нашата заедничка безбедност и иднина и дека споделените вредности помеѓу нашите држави мораме постојано да ги унапредуваме и негуваме бидејќи  само така ќе ги реализираме нашите цели и и успешно ќе се спротивставиме на современите  безбедносни ризици. Во своето обраќање таа говореше и за потребата од унапредување на интеропрабилноста, за кадровскиот потенцијал што треба да го продуцираат ваквите настани, за неопходноста од професионалци кои ќе го јакнат безбедносниот сектор во државата, за модернизацијата на капацитетите за обука и нивното осовременување по НАТО стандардите, за полигонот „Криволак“ за кој потенцираше дека е регионално најпрестижен од ваков вид и дека е отворен за сите партнерски армии.

Во основата на  „Летниот кампус“  е извежбувањето и достигнувањето на  колективниот дух и интероперабилноста помеѓу учесниците кои доаѓаат од различни армии. Секоја година се подготвуваат нови сценарија во таа насока и се совладуваат практични и теоретски задачи, според претходно подготвените планови, со кои ќе се   потенцира заедничкиот момент во реализацијата на предвидените  цели и ќе се достигне потребната синергија која ја потврдува ефикасноста во извршувањето на задачите.

Темата која  се обработуваше на овој „ Летен кампус 2017“  беше поврзана со предизвиците кои  произлегуваат од  миграциската криза и како соодветно да одговорат меѓународните воени сили. Сите аспекти на миграциската криза на „Летниот кампус 2017“ беа и научно-аналитички третирани   од видни авторитети од  САД, Велика Британија, Германија, Чешка Република, како и од наши домашни експерти во оваа област. Сите заедно низ размена на мислења и тези се трудеа во еден академски амбиент на учесниците на „Кампусот “ да им ги дадат потребните знаења за да можат адекватно во иднина да се борат со овие предизвици.

Како и на сите претходни кампуси кои се одржаа во Центарот за обука „Пепелиште“ и на полигонот „Криволак“ и на овој годинешниот се создадоа многу трајни пријателства, се зајакна довербата меѓу припадниците, се надминаа јазичните бариери.  И овој „Летен кампус 2017“ силно го зајакна колективитетот во реализацијата на зададените задачи и претставува солидна база за тоа како треба да се градат  воените лидери на новото време. Повторно ќе нагласиме дека главната тежишна точка на  оваа едукација е да се  воспостави моќна мрежа од млади офицери кои ќе можат овие драгоцени искуства да ги применуваат во сите области на својата професија. И на овој „ Летен кампус 2017“, освен вежбовните и едукациски активности се одржаа и спортски и културни манифестации. И овој пат културниот потенцијал на нашата држава беше претставен преку посетите на повеќе градови од нашата држава како Кавадарци, Штип , Дојран, Охрид, кај што се случија и некои предавања, кај што се говореше за македонската историја, знаменитостите кои ја красат нашата земја, културно- историските споменици.

„ Летниот кампусот“  претставува отворена можност за интернационализација на нашата армија во нејзиниот академски дел и за промоција на сите вредности кои како воена сила ги поседуваме во едукативна смисла.  Впрочем и на самото свечено затворање на истиот од страна на заменик – министерот за одбрана на Р. Македонија, Беким Максути, Кампусот беше квалификуван максимално успешно, со сите придобивки кои треба да  останат како трајни вредности за учесниците, како искуства кои ќе им помогнат во нивниот понатамошен, теоретски и практичен професионален развој.

Уште еднаш е потврдена одличната организација, повторно се даде јавна обврска дека магијата на овој настан со некои нови луѓе, продолжува и следното лето, се виореа знамињата на повеќе држави,  се оставаа фејсбук-адреси и мејлови за доживотни пријателства, модерните андроид телефони со најмодерни резолуции и овој пат ги овековечија другарствата кои секој  ќе си ги однесе од „ Летниот кампус 2017 “ година, одржан во Македонија, како моќна референца во персоналната биографија на секој учесник.

Митко Василевски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail