КУЛТУРНА ДИПЛОМАТИЈА – НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Босна и Херцеговина е повеќе од посебна. Земјата е магична. Секој патник на своето патување низ Европа треба да ја посети оваа земја која како да има форма на срце или да ја додаде на својата листа на пожелни дестинации за посета!

mostar_-_bosnia_and_herzegovina_-_stari_most_03Босанското кафе е дел од босанскиот и херцеговскиот идентитет. Мештаните го сакаат своето кафе – се служи во традиционални бакарни филџани со  шеќерни коцки. Притоа, освен во кафето, како туристи можете да уживате и во пријателската услуга и атмосфера која често и не ја добивате кога патувате

Босна често се споменува заради војната која беснееше во 90-тите години на минатиот век, која заврши со потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Постарите генерации сè уште ја споменуваат војната, но денес луѓето  сè повеќе се мешаат со други култури и религии и живеат во хармонија.  Луѓето од Босна и Херцеговина ја оставија војната зад нив, и се отворени за туристи. Помошта од другите народи и држави беше од големо значење за обнова и повторна изградба на оваа држава.  Освен со големо културно наследство, земјата има и  прекрасна природа со многу планини, езера, реки и обилна вегетација.Планини, водопади, карпести карпи, пештери, езера и реки се природните убавини на оваа земја! Таа е домаќин на многу активности како што се рафтинг, пешачење, прошетки низ планини, планинарење, кампување и сл. Од калдрмирани камени улици и мали тесни сокачиња, до познатиот Стар мост, каде што локалните жители скокаат во ледено студената река Неретва, посетата на Мостар ви дава чувство  како да чекорите во некоја сказна. Иако војната го оштетила градот, а Стариот мост бил уништен, сето тоа е обновено, а традицијата на  скокање во реката и понатаму продолжува. Сепак, војната во раните 90-ти години е она што прво им доаѓа на ум на луѓето кога ќе помислат на Босна и Херцеговина. Но, дали е познато дека само неколку години пред да избувне војната, Сараево беше домаќин на зимските олимписки игри во 1984 година? Тоа беше првата Зимска олимпијада одржана во комунистичка држава. Инаку и во денешно време Босна и Херцеговина сè уште е домаќин на фантастични зимски и други други спортски активности. Така, во 2015 година, во Мостар се одржа натпреварот за нуркање на „Ред бул“ кој продолжи и во 2016 година. Понатаму, секоја година во јули, се одржува годишен натпревар на локалното машко население кое секојдневно скокаа од  мостот во Мостар. Тоа е традиција започната уште во османлиските времиња или поточно некаде во 1500 година!

Главниот град Сараево е град полн со разновидности и често пати се нарекува Ерусалим на Европа. Прошетката низ Башчаршија, стариот дел на градот додека го слушате повикот за молитва на езанот, црковните ѕвона, мирисот на силно кафе и свеж леб од пекарите е неописливо и прекрасно искуство. Можеби се сеќавате на Латинскиот мост во Сараево од часовите по историја. Веројатно ви е познато дека на аголот на зградите кај мостот надбискукот Франц Фердинанд од Австрија е убиен од еден млад босански Србин, а тоа убиство предизвика една верижна реакција што резултираше во почеток на Првата светска војна. Со мешавина на култури и религии, како и мешавина на стара и нова архитектура, Сараево мора да се види одозгора за да се види колку навистина е голем град! Ако прошетате во вистинско време (наутро пред 10 часот а навечер после 18 часот) може да видите како локалните жители  ги отвораат или затвораат продавниците, чистат и се подготвуваат за тој ден. А во Мостар пак, до пладне, Стариот мост е преполн со луѓе и многу тешко може да се помине преку него, а уште потешко е да се направи добра фотографија без да ги сликате неодминливите селфи-стапчиња на  големи групи на туристи околу вас. Ако некој запраша дали има плажи во Босна и Херцеговиа одговорот е позитивен Всушност постои само една – Неум. Таа се наоѓа во единствениот дел од крајбрежјето на Босна и Херцеговина и е  долга 22 километри, а се наоѓа помеѓу двата дела на Хрватска. Истата е совршено место за одмор и  да се  ужива во сонцето без да се гужва помеѓу толпи на туристи.

Што се однесува пак, до историјата на Босна и Херцеговина таа датира од подамнешни времиња. Најраните познати жители биле илирските племиња, но многу малку се знае за нив. Во 168 п.н.е, владееле Римјаните, потоа Словените кои доаѓаат во VI и VII век. Словените ја утврдуваат и дефинираат културата и јазикот. Отоманската Империја ја презема контролата врз земјата во доцните 1400-ти години, што повторно ја променило културата, традицијата и религијата на регионот. Австро-унгарската Империја владеела кратко време кон крајот на 1800-тите, додека државата не станала држава на Југославија, под комунистичката власт на Тито. Сепак, по неговата смрт во 1980 година, владата е видно ослабена и не може да се справи со економските и политичките предизвици  што доведува до распадот на Југославија. Следи најкрвавата војна по Втората светска војна.  Една од причините е дека Босна отсекогаш била и е важен регион низ историјата, а  таму владееле различни империи токму поради нејзината стратешка позиција во Европа.

Босанската храна  е навистина одлична! 99% од босанските специјалитети имаат месо. Пробајте „Sahan“,  кој има „sogan dolme“ (варен кромид полнет со мелено месо и ориз во сос од домати) и „ japrak“ (мелено месо и ориз во сос од домати завиткани во листови од кељ). Полнети пиперки (пиперки полнети со мелено месо и ориз во сос од домати) кои многу се вкусни. Ако го сакате црвеното месо, пробајте ќебапи, плескавици, или раженчиња (месо на скара). Не заборавајте да се напиете кафе и да пробате баклава со него. Тоа е навистина посебно  искуство во оваа прекрасна земја.

м-р Билјана Поповска

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail