ДЕФИНИРАЊЕ И ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД

РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ИНТЕРНЕТ-МРЕЖИ

digitВо ерата на глобализација на општествата и пробивот на дигиталните медиуми во сите сфери на општеството, неизоставен дел е и пробивот на социјалните интернет-медиуми во нив. Како општество сè повеќе сме зависни од дигиталната технологија, вклучувајќи ги и социјалните интернет-мрежи. Во оваа статија е направен скромен обид за дефинирање на социјалните интернет-мрежи, како и на нивниот историски развој.
Социјалните интернет-мрежи во секој­днев­ниот дискурс се дефинираат на три начини: прво, како мрежа од веб-базирани услуги кои им овозможуваат на поединците да создадат јавни или делумно јавни профили во рамките на веб-системот, второ, да комуницираат и да споделуваат податоци со лица кои се корисници на истата социјална интернет-мрежа, и трето, да ги следат активностите на лицата со кои се поврзани, како што се сликите и локациите, направени од нивна страна во рамките на социјалните интернет-мрежи.
Природата и номенклатурата на овие врски може да се разликуваат од сајт до сајт. Додека терминот „социјални интернет мрежи“ се користи да се опише овој феномен, терминот „сајтови за социјално вмрежување“, исто така, се појавува во јавниот дискурс, со што се случува двата термини често да се измешаат.
Секојдневната употреба на социјалните интернет-мрежи (engl. Online social net­works) како Фејсбук (engl.Facebook), Линкедин (engl. LinkedIn) и Твитер (engl. Twitter), забележува постојан пораст на корисници уште од самите зачетоци на овие мрежи.
Социјалните интернет-мрежи, всушност претставуваат огледало на наше­то секојдневие. Тие ги отсликуваат секој­дневните социјални интеракции, а содржат и информации што се надвор од географските граници.
Сите корисници на социјалните медиуми можат да ја забележат појавата на социјалните интернет-сајтови како Твитер и Линкедин кои обезбедуваат податоци, предизвикувајќи преклопување од бази на податоци. Додека „Фејсбук“ и „Твитер“ имаат тенденција за секојдневена социјална интеракција, „Линкедин“ се има специјализирано во професионални вмрежувања.
Користењето на повеќе социјални мрежи им овозможува на корисниците да комуницираат со пријатели и да си ги одделат личните и професионалните контакти.
Социјалните интернет-мрежи денес станаа исклучително популарни и се користат од голем број луѓе за секојдневна интеркција.
Терминот „социјална мрежа“ првпат се употребил во текот на средината на минатиот век, кога се дефинирал терминот „социјалната мрежа“ како група на лица или организации кои се поврзани помеѓу себе.
Она што ги прави социјални сајтови уникатни не е тоа што тие им овозможуваат на поединците да комуницираат со непознати лица, туку дека тие им овозможуваат на корисниците да артикулираат и да ги направат видливи на социјалните мрежи.
На многу од големите социјални интернет-мрежи на учесниците не им се наметнува запознавање на нови луѓе, односно тие првенствено се наменети за комуникацијата со луѓе кои веќе се дел од нивниот список на пријатели.
Социјалните интернет-мрежи станаа важен дел од нашите животи. Социјалните интернет-мрежи може да им помогнат на корисниците при споделување на информации.
Во демократските општества може да се каже дека во одредена мерка постои зависност од социјалните интернет-мрежи, но употребата на социјалните интернет-мрежи може да биде исклучително опасна по личната безбедност доколку не се преземат превентивни мерки при нивното апликативно користење.
Првиот препознатлив сајт за оваа намена започнал со работа во текот на 1997 година. Името на веб-сајтот тогаш било SixDegrees.com. Овој веб-сајт е еден од првите веб-сајтови каде на корисниците им било дозволено да создаваат профили и да формираат листа на нивните пријатели. Секоја од овие карактеристики постои во некоја форма и пред веб-сајтот SixDegrees. Профили постоеле на повеќето сајтови и многу заедници на сајтови, како на пример AIM или ICQ (претставуваат т.н. месинџери, односно сајтови или апликации за размени на пораки и звуци) кои имале листи со пријатели, иако тие не биле видливи за другите корисници.
Како почеток на денешните социјални интернет сајтови претставува сајтот Classmates.com, кој всушност им овозможи на луѓето да се поврзат со лицата од сопственото училиште или колеџ, и при сурфање на мрежата можеа да ги видат лицата кои се поврзани, но корисниците не може да креираат профили или листа на пријатели.
SixDegrees е првиот сајт кој ги искомбинира овие карактеристики. SixDegrees се промовира како алатка која може да им помогне на луѓето да се поврзат со листа на лица, и да им овозможи на корисниците да испратат пораки до другите корисници. Сајтот SixDegrees привлекол милиони корисници, но истиот не бил профитабилен во доволна мера, и поради тоа во 2000 година, SixDegrees прекинал да постои.
Во периодот помеѓу 1997 до 2001 година, голем број веб-сајтови и апликации се обидоа со различни комбинации на профили и пријатели (AsianAvenue, BlackPlanet,и MiGente), да им создадат лични, професионални профили со кои корисниците би можеле да се идентификуваат.
Со ова и нарушувањето на приватноста станаа проблем. Се започна со можностите за приспособување за приватност. Пионер во оваа област беше корејскиот веб-сајт Cyworld, кој е формиран во 1999 година.
Приспособувањата за приватност, односно вакви можности и карактеристики беа додадени во 2001 година.
Исто така, шведскиот веб-сајт LunarStorm кој е формиран во 2000 година, содржи можности за додавање на пријатели и дневник-страници.
Следниот бран на социјални интернет-мрежи започна кога Ryze.com, кој беше лансиран во 2001 година, требаше да им помогне на лицата на кои им требаше поткрепа на нивните бизнис-проширувања на пријателствата и пронаоѓање на слични претпријатија.
Ryze.com првпат овозможи претприемачите и инвеститорите да се пронајдат со голема леснотија (ова претставува и прва социјална интернет-мрежа која е наменета исклучиво за бизнис-лични погледи).
Во текот на 2003 година се појавува MySpace, што всушност претставува и прва социјална интернет-мрежа којашто има посериозен успех.
Социјалите интернет-мрежи својата екс­панзија ја добиваат со појавувањето на Фејсбук, Јутјуб, Линкедин и Твитер во периодот од 2003 до 2006 година кога бројот на корисници драстично се зголеми.
Во продолжение накратко ќе ги дефинираме најпознатите социјални интернет-мрежи.
Најпрвин да започнеме со „Твитер“ што, всушност, претставува социјална интернет-мрежа за микроблогирање. Оваа социјална интернет-мрежа им овозможува на своите корисници да комуницираат текстуално со пораки кои се наречени твитови (кои содржат најмногу до 140 карактери или, пак, мултимедијални содржини како слики или видеа. Пораките, односно твитовите се јавни и достапни за целокупната корисничка мрежа на „Твитер“. Според расположивите податоци „Твитер“ има околу 500 милиони корисници.
Како следна социјална интернет-мрежа претставува „Фејсбук“, која започна на почетокот на 2004 година на Универзитетот „Харвард“ во САД. Како еден од условите за користење на оваа социјална интернет-мрежа беше корисниците задолжително да имаат harvard.edu e-mail адреса. Откако Facebook почна да се распространува и низ студентите на други универзитети, овој критериум стана полиберален, односно се побаруваше поседување на e-mail адреса од универзитетите. Почнувајќи во септември 2005 година, Facebook се прошири и кај средношколците, подоцна кај бизнис-заедницата, за на крајот Facebook да стана социјална интернет-мрежа на која можеше да се приклучи секој кој поседува каква било e-mail адреса. Релативно затворениот пристап на Facebook придонесе за првичната перцепција на корисниците, дека Facebook претставува веб-сајт што опслужува заедница исклучиво на лица кои се студенти на универзитетите ширум САД. Оваа перцепција набрзо ќе се покаже како неточна, од причина што податоците коишто беа наменети само за одредена група на корисници (студенти на универзитетите во САД), станаа достапни за целокупната светска јавност. Според достапните корисници на Фејсбук има повеќе од 1 милијарда корисници.
Како следна социјална интернет-мрежа која ќе се елаборира претставува „Линкедин“. „Линкедин“, всушност, претставу­ва социјална интернет-мрежа која има специфична намена, а таа е полесно пронаоѓање на работен ангажман на корисниците. Ова се должи на полињата достапни на профилот кои се во дијапазон од едукација и курсеви до работно искуство и квалификации. „Линкедин“ во моментов има преку 220 милиони корисници.
Како и секоја кратка историја на голем феномен, овој историски преглед ниту ги има опфатено сите веб-сајтови, ниту, пак, може со стопроцентна сигурност да се тврди дека е целосна. Овој историски преглед е само обид за илустрација на динамичниот развој на социјалните интернет-мрежи и нејзините зачетоци.
Со овој труд е направен обид за општо дефинирање на социјалните интернет-мрежи, како и краток историски преглед на некои од позначајните социјални интернет-мрежи.

м-р Бојан Николовски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail