Германски ракетен систем за противвоздушна одбрана земја – воздух „IRIS-T SL“

Ракетниот одбранбен систем „IRIS-T SL“ е нов, мобилен, наведуван ракетен систем за противвоздушна одбрана од среден дострел земја – воздух, дизајниран и развиен од страна на „Diehl BGT Defence“

Вертикалното лансирање, малата тежина и интероперабилните ракети „IRIS-T SL“, може да се интегрираат со постоечките и идните системи за противвоздушна одбрана на сојузничките сили, користејќи го податочниот приклучок „plug and fight“. Карактеристично за оваа ракета е подобрената способност за маневрирање и големата агилност на ракетата

Ракетниот систем „IRIS-T SL“ е дизајниран за лесно и едноставно приклучување на постојните и идните BMC4I (Battle Management Command, Control, Communications, Computers and Intelligence) комуникациски мрежи. Интеграцијата на лансирните контејнери за овој ракетен систем на стандардни возила, ја обезбедува потребната висока мобилност и способност за движење по патишта и надвор од нив. Поради тоа системот е мобилен по сите типови на терени и наменет е за одбрана на воздушниот простор и противвоздушна одбрана на објекти на територија и воени единици. Вообичаено, системот е монтиран на возило „Unimog 5000“, а по нарачка на купувачот може да биде монтирано на тип на возило по желба на купувачот. Истотака, системот може да се превезува со тактички транспортни авиони од типот „Airbus A400M“. Во 2007 година, компанијата „Diehl BGT Defence“ беше договорно ангажирана од страна на „Federal Office of Equipment, Information Technology and Utilization of the Bundeswehr“ (BAAINBw) за развој на нови наведувани ракети со лансирна рампа, монтирана на возило, за да се обезбеди противвоздушна одбрана на тактичко ниво за германските вооружени сили.
Ракетата за ракетниот систем „IRIS-T SL“ е надградена верзија на ракетата со краток дострел воздух-воздух „IRIS-T“, која влезе во оперативна употреба во 2005 година. При тоа, ракетата „IRIS-T SL“ е опремена со помоќни ракетни мотори и радио-фрекфентен податочен линк, со цел да ги задоволи барањата на германските воздушни сили, за иднините ракети за противвоздушна одбрана од среден дострел. Ракетата за ракетниот систем „IRIS-T SL“ е ефикасна против сите типови на авиони, хеликоптери, ракети, наведувани оружја, ракети воздух-земја, противбродски ракети, анти-радарски ракети и ракети со поголем калибар. Таа, истотака, расоплага со голема веројатност за уништување против беспилотни летала, беспилотни борбени летала и други мали маневриаболни закани на многу кратки и средни далечини.

Развој и тестирање на „IRIS-T SL“
За развој и надградба на ракетните мотори, компанијата „Diehl BGT Defence“ ја избра компанијата „Nammo“, во 2007 година. Компанијата „INTRACOM Defense Electronics“ (IDE) беше избрана за дизајнирање на нова генерација на софтвер кој го дефинира податочниот линк со ракетата. За развој и производство на контролниот дел, во септември 2008 година, беше ангажирана компанијата „SENER“.Во април 2009 година, „Diehl BGT Defence“ го доби договорот за Ултра прецизни електронски воздушни системи, за развој на генератор на висок притисок на чист воздух и електромагнетни вентили за наведуваните ракети. Генераторот на висок притисок се користи за обезбедување на компримиран ладење гас за ладење, додека пак, електромагнетните вентили се користат за дистрибуција на гас до детекторите на инрацрвено зрачење. Првото пробно лансирање на наведуваните ракети „IRIS-T SL“ беше извршено на полигонот за тестирање „Overberg“ во Јужна Африка, во октомври 2009 година.
„Diehl BGT Defence“ спроведе уште две пробни лансирања на ракети, со што ги демонстрираше механичките и аеродинамичките способности на ракетата, како и нејзината оперативна ефикасност. Овие лансирања беа извршени во мај 2011 година, на полигонот „Overberg“. Првата прототип ракета „IRIS-T SL“ пробно беше лансирана против беспилотно летало во декември 2012 година. Успешно беа лансирани две ракети против ниско – летечка цел (имитатор на воздушна цел со ознака „Do-DT25“) на полигонот „Overberg“, во ноември 2013 година. Истотака, успешно беше пробното лансирање на ракета, лансирана од ракетен ситем за ПВО поставен на копно „IRIS-T SLM “, на полигонот „Overberg“, во јануари 2014 година.
Дизајн и карактеристики на ракетата
Вертикалното лансирање, малата тежина и интероперабилните ракети „IRIS-T SL“, може да се интегрираат со постоечките и идните системи за противвоздушна одбрана на сојузничките сили, користејќи го податочниот приклучок „plug and fight“. Карактеристично за оваа ракета е подобрената способност за маневрирање и големата агилност на ракетата. Системот овозможува симултано гаѓање на повеќе цели на мали растојанија, поради екстремно кратките времиња за реакција.Наведуваните ракети за овој ракетен систем се чуваат во контејнери направени од збогатени стаклени влакна, кои се користат за чување, транспорт и лансирање на ракетите. На лансирната рампа, монтирана на возило, може да се постават до осум ракети.
Ракетата поседува фрагментирачка боева глава и нуди противвоздушна одбрана од воздушни нападни средства во радиус од 360°. Инфрацрвената глава за наведување на ракетата врши зафат на целта пред лансирање, но по доделување на целта на ракетата од страна на системот за управување со оган. Ракетата користи напредни ракетни мотори опремени со интегриран систем за контрола на вектор. Ракетниот мотор обезбедува домет на ракетата од околу 40 километри. Ракетата опремена со овој мотор може да гаѓа цели кои летаат на висина до околу 20 км и далечина до околу 40 км.
Ракетата „IRIS-T SL“ е опремена со систем за глобално позиционирање / инертен навигациски систем, што му овозможува автономна навигација. Радио-фреквентната податочна врска обезбедува пренос на податоци за воздушните цели од надворешен радар / радри до ракетата, за цело време на лет на ракетата. Високо – прецизната пасивна инфрацрвена глава за наведување овозможува наведување на ракета на цел, зголемена резистентност на противмерки (мамци) и висока прецизност. Задниот дел на ракетите земја-воздух „IRIS-T SL“ е опремен со секција за контрола на патеката на лет на ракетата, со контрола на вектор на лет на ракетата, придвижувајќи ги подвижните аеродинамични површини со помош на сигнали од главата за наведување.
Компактниот дизајн на секцијата за контрола вклучува управувачи на ракетниот мотор, четири независни контролори на крилцата, близинска контрола, конверзија на моќност и можност за само-тестирање. Секцијата нуди подобрена точност за одредување на позиција и висока сигурност.

Трајче Денчевски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail