Воени часовници

За развојот на воените часовници најважен е 20 век, односно мноштвото настани и достигнувања поради кои часовниците се усовршувале. Развојот на авијацијата, зголемената потреба за прекуморска пловидба, која подразбира навигација, двете светски војни и развојот на науката и техниката можат да се издвојат како најважни. Се смета дека првиот пилотски часовник го изработил прочуениот произведувач „Cartier“, по нарачка на Алберт Сантос-Думонт, пионерот на бразилската авијација

Во периодот помеѓу двете светски војни направени се повеќе важни чекори во развојот на овие часовници. Едно од најзначајните имиња е американскиот морнарички офицер и пронаоѓач Филип Ван Хом Вимс. Како одличен познавач на навигацијата, Вимс е заслужен за така наречениот „second-setting watch“. Бројчаникот на овој часовник можел да се врти, а Вимс го замислил така за да го олесни усогласувањето на времето со она кое го дава радиосигналот. Според расположивите податоци, пронајдокот датира од 1927 година, а е патентиран две години подоцна

Многу часовници на Вермахтот се карактеристични по ознаките кои се наоѓаат на поклопецот на куќиштето. Ознаката „D“ најчесто била на часовниците правени за Вермахотот. „D“ е кратенка од „Dienstuhr“ што значи службен часовник. Втора најчеста ознака е „H“ која се однесува на „Heer“ што значи копнена војска. Така, ознаката „DH“ означува службен часовник на копнената војска. Секој часовник имал своја книшка

Појавата на воените часовници, според некои извори, се поврзува со германските војници, кои кон крајот на 19 век почнале своите џебни часовници да ги врзуваат околу рацете со што заштедувале во времето кое им било драгоцено во текот на борбите. За развојот на воените часовници важна е и Втората бурска војна (1899-1902), кога британската војска со помош на часовниците ги усогласувала движењата и акциите, што бил еден од факторите на нивната победа. Вистина, првата забележена нарачка на службени часовници датира уште од 1880 година, кога германската морнарица нарачала од „Girard-Perregaux“ џебните часовници кои се користеле при навигацијата.
Сепак, за развојот на воените часовници најважен е 20 век, односно мноштвото настани и достигнувања поради кои часовниците се усовршувале. Развојот на авијацијата, зголемената потреба за прекуморска пловидба, која подразбира навигација, двете светски војни и развојот на науката и техниката можат да се издвојат како најважни. Се смета дека првиот пилотски часовник го изработил прочуениот произведувач „Cartier“, по нарачка на Алберт Сантос-Думонт, пионерот на бразилската авијација. Според наводите на оваа денес голема компанија, Сантос-Думонт во 1906 година изразил големо восхитување кога за прв пат јавно погледнал на својот рачен часовник. А сè почнало од неговата желба да знае кое е времето не губејќи контрола над тогаш чудесната „летечка направа“. Меѓу првите кои ја откриваат предноста на рачниот часовник над џебниот, освен пилотите, биле морнаричките и артилериските офицери. Кога 20 век стапнал во својата втора деценија, започнал еден од најкрвавите судири во историјата на човештвото – Првата светска војна. Во текот на неколкуте исклучително тешки години, повеќе војски ја забележале важноста на воениот часовник, па така по завршувањето на војната, многу војници се враќале дома со занимлив сувенир на раката. Тој сувенир бил рачниот часовник. Иако рачниот часовник се појавил порано, до крајот на оваа војна главно бил повеќе моден детаљ, отколку направа за мерење на времето. Меѓутоа, благодарејќи на војничкиот „сувенир“, рачниот часовник станувал сè повеќе популарен, а многумина настојувале од направата за мерење на времето да направат и нешто повеќе.
Во периодот помеѓу двете светски војни направени се повеќе важни чекори во развојот на овие часовници. Едно од најзначајните имиња е американскиот морнарички офицер и пронаоѓач Филип Ван Хом Вимс. Како одличен познавач на навигацијата, Вимс е заслужен за така наречениот „second-setting watch“. Бројчаникот на овој часовник можел да се врти, а Вимс го замислил така за да го олесни усогласувањето на времето со она кое го дава радиосигналот. Според расположивите податоци, пронајдокот датира од 1927 година, а е патентиран две години подоцна. Инаку, прочуениот произведувач „Longines“ го прославил овој часовник. Патентот на Вимс со текот на времето е унапредуван за да им овозможи на пилотите што попрецизно да ги извршуваат задачите. За понатамошниот развој на овие часовнци важен е и еден од најпрославените пилоти – Чарлс Линдберг бидејќи благодарејќи нему настанал т.н. „hour angle“ часовник. Овој часовник се базирал врз достигнувањата на часовникот на Вимс и исто така имал вртлив бројчаник и со него можело да се пресметува географската должина со помош на гриничкиот часовен агол, а бил со пречник од 48 мм токму како и часовникот на Вимс. И повторно, развојот на овој часовник го овозможил „Longines“, кој првиот примерок го произвел во 1932 година. Втората светска војна ја зголемила потребата за вакви часовници, а тогаш во широка употреба меѓу завојуваните армии се јавуваат сè повеќе модели на разни производители.

Германија – рачен часовник по најстроги критериуми
Со формирањето на Вермахтот, значително се зголемува бројот на припадниците, нивната опременост и организираност. Со техничко-технолошкиот развој одредени родови или нивни делови добиваат посебен значај. Тука пред сè, се мисли на подморничките сили, военото воздухопловство, оклопно-механизираните единици, специјалните мали борбени тимови (командоси) и тимовите на борбени нуркачи. Употребата на овие сили барала брзина, синхронизација и прецизност. Тука на сцена стапнуваат воените часовници, правени да ги задоволат најстрогите критериуми по прашањата на издржливоста, точноста и робусноста. Вакви часовници масовно се правеле за сите поголеми армии кои учествувале во Втората светска војна. Германската влада за потребите на својата војска купила голема количиина на часовници од швајцарските произведувачи и ангажирала пет германски фабрики за изработка на часовници, во прв ред „A.Lange & Söhne“ но и „IWC“, „Laco“, „Patek Philippe“, „Vacheron & Constantin“, „Stowa“ и „Wempe“. Се појавуваат и германски верзии на пилотски часовници, кои биле познати како „B-uhr“ (германски: Beobachtungs-uhr, – набљудувачки часовник). Овие часовници имале пречник од 55 мм, а меѓу заедничките карактеристики можат да се вбројат и арапските броеви, централниот секундарник кој можел да се сопре поради усогласување на времето, голема круничка која лесно можела да се врти и со ракавици, како и долга нараквица од дебела кожа, која морала да биде таква за да може часовникот да се носи околу дебелата пилотска јакна. Освен тоа, за овие часовници е карактеристичен и триаголникот со две точки на позицијата 12, а служел за да ја олесни прегледноста во текот на ноќниот лет. Секако, овој часовник можел да послужи како соларен компас, олеснувајќи ја со тоа ориентацијата во времето и просторот. Понатаму, овој период донесува и два бројчаници на пилотските часовници – мал на кој се читаат часовите и голем со минути. Конечно, не смее да се заборави ни отпорноста на овие часовници на магнетните полиња, кои претставувале опасност при навигацијата. Освен споменатите часовници, гермаските сили имале и нуркачки часовници кои ги изработил „Rolex“, а главно немале воени ознаки. Тоа биле часовници кои најчесто имале челични поклопци, биле отпорни на удари и водоотпорни. Пречникот на часовниците бил околу 34 мм, а стрелките и броевите на бројчаникот биле премачкани со радиум. Многу часовници на Вермахтот се карактеристични по ознаките кои се наоѓаат на поклопецот на куќиштето. Ознаката „D“ најчесто била на часовниците правени за Вермахотот. „D“ е кратенка од „Dienstuhr“ што значи службен часовник. Втора најчеста ознака е „H“ која се однесува на „Heer“ што значи копнена војска. Така, ознаката „DH“ означува службен часовник на копнената војска. Секој часовник имал своја книшка. Часовниците биле премногу вредни да се користат за секојдневно носење, па така на пилотите им се издавале пред полетување, а по завршување на мисијата ги враќале. Логистичката единица која ги издавала часовниците била задолжена и за нивно оддржување, сервисирање и подесување.

Велика Британија – швајцарски, квалитетни и прецизни ласовници за војската
Со почнувањето на Втората светска војна, британската влада склопила договори со 17 швајцарски производители на часовници со цел своите вооружени сили да ги снабдат со квалитетни, прецизни и робусни часовници. Часовниците кои доаѓале во првите години на војната носеле ознака „ATP“. Овие часовници имале механизми со 15 рубини, сребрени или бели бројчаници и стрелки кои светат во темница. По неколку години во британската војска почнале да пристигнуваат часовници кои на поклопецот на куќиштето имале ознака „WWW“. Производители кои ги испорачувале овие часовници биле „Buren“, „Vartex“, „Timor“, „Record“, „Omega“, „Lemania“, „Longines“, „IWC“, „Grana“, „Eterna“, „Cyma“ и „Jeager LeCoultre“. Стрелката на поклопецот на кужиштето и бројчаникот означувала дека во прашање е државна сопственост.

САД – посебни стандарди за изработка на воени часовници
Американски производители кои ги снабдувале американските вооружени сили со воени часовници во текот на Втората светска војна биле „Elgin“, „Bulova“, „Waltham“ и „Hamilton“ („Hamilton“ и децении по завршувањето на Втората светска војна бил званичен снабдувач на американската војска). Во раните фази на војната на војската им биле издавани часовници без ознаки. Часовниците од тој период не биле водоотпорни, туку отпорни само на прашина. Исто така немале ниту куќишта од нерѓосувачки челик. Дури во 1940 година, Одделението за логистичка поддршка ги објавила барањата кои воените часовници мора да ги исполнуваат. Во текот на Втората светска војна „Hamilton“ ја снабдувал американската војска, морнарицата и маринците, а одредена количина на часовници произведувал за сојузниците така да негови часовници биле дел и од опремата на кралската канадска авијација. Еден дел на часовници бил испорачан и во Советскиот Сојуз. Американските воени часовници имале можност за сопирање на секундарата. Кај некои часовници при запирање на часовникот, со извлекување на круничката, секундарата се враќала на позицијата на бројот 12, што овозможувала брза и лесна синхронизација на часовниците. Сите часовници правени за американската војска во текот на Втората светска војна биле правени според А-11 пропишаниот стандард, кој помеѓу другото подразбирал: црн бројчаник, механизам на рачно навивање со можност за запирање за секундарата, часовна скала од 1 до 12, скала за минути и секунди со нумерички ознаки кои почнуваат од 10 (10, 20, 30, … 60), сказалка за часови и минути со ист облик (не и големина) итн. Компаниите „Elgin“, „Waltham“ и „Bulova“ сите свои часовници произведени од 1941 година ги произведувале во согласност со овој стандард. Единствено „Hamilton“ не ги произведувал според овој стандард, но и неговите часовници се многу слични на часовниците на останатите американски производители. Некои часовници биле водотпорни, а некои само отпорни на прашина. Некои од нормите поставени со А-11 стандардот се применуваат и денес, кога во прашање се часовниците на американската војска, како на пример: Часовната скала од 1 до 12, ист облик на стрелките за прикажување на часовите и минутите, дневно одстапување од +,- 30 секунди на дневна температура за механичките часовници. Иако „Elgin“, „Bulova“ и „Waltham“ ги произведувале воените часовници во склад со А-11 стандардот, постоеле одредени, не толку важни разлики во механизмите. Тоа што ги разликувало бил бројот на рубини и пречникот на механизмот. Било како било А-11 стандардот ја исполнил својата цел, а тоа е масовното производство на висококвалитетни и ефтини часовници.

Јапонија – рачни часовници за на врат
Јапонските воени часовници ги произведувал и денес надалеку прочуениот „Seiko“. Часовниците на Сеико биле со пречник од 49 мм, a се базирале на механизмот за џебни часовници „Seikosha“. Занимливо било што јапонските воени пилоти часовниците ги носеле околу вратот. Се разбира во прашање биле џебни часовници, а недостаток им бил што како такви не можеле да се користат за навигација. Вистина, имало и рачни часовници кои биле во приватна сопственост и без воени ознаки. Тука треба да се истакне дека терминот „пилотски часовник“ треба да се земе како општ термин, бидејќи часовниците биле многу важни за тоа што е заедничко и на морнарицата и на авијацијата, а тоа е навигацијата. Поради тоа, можеби терминот „навигациски часовници“ би бил посоодветен.

Како било, воените и пилотските часовници се произведуваат и денес, а ги носат луѓе кои припаѓаат на најразлични професии. Часовниците постојано се усовршуваат, а благодарејќи на развојот на индустријата на часовници, имаат многу корисни функции, како што е стоперка, разни видови тајмери, аларм, прикажуваат време во 24-часовен формат во повеќе часовни зони и многу други функции. Освен функците кои некогаш буквално значат живот, овие часовници денес се и модни детали и статусни симболи.
За крај, една интересна и на жалост тажна приказна која се однесува на воените часовници од Втората светска војна и нивната луминација, а кои биле правени за потребите на американската војска. За осветлување (луминација) на стрелките и маркерите на бројчаникот најчесто се користел радиум. Радиумот е радиоактивен елемент и со тоа и канцероген. За нанесување на радиумот на стрелките и бројчаниците по правило биле ангажирани жени и тоа често биле оние кои работеле во индустријата за играчки каде работата им била боење на играчките. Меѓутоа, суштината на проблемот бил во тоа што при ракувањето со радиумот не бил почитуван минимумот на безбедносни мерки. Жените, радиумот го нанесувале со четкички чиј врв често го лизнувале за да биде врвот што потенок и со тоа нанесувањето на радиумот попрецизно. Така е внесуван радиумот во организмот. Се случувало жените да ги фарбаат ноктите или дури и забите поради „интересниот“ ефект на светлење во темница. Многу жени кои ја работеле оваа работа умреле од различни облици на канцер, некои веројатно не ни доживеале да го видат крајот на војната. Тоа се тивките жртви на Втората светска војна.

Александар Стојчевски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail