Албанија – земја со посебна култура, традиција и митологија

Албанија е една од најстарите земји во Европа, па затоа и Албанците имаат своја посебна култура, традиција и јазик.. Комбинацијата на старите традиции и современите елементи се она што ја прави албанската култура посебна. Поради тоа што подолго време биле под власта на други земји со текот на времето и историјата имаат позајмено некои традиции од Грците, Римјаните, Византијците, Турците, Словените и Италијанците. Сепак, Албанците успеваат да ги зачуват нивните сопствени традиции кои се пренесуваат и се наследуваат од генерација во генерација. Национален албански симбол е орелот. Двоглавиот орел на црвеното албанското знаме ја претставува независната држава Албанија

Како резултат на албанската историја, етничката и верската припадност, постојат многу културни и уметнички фестивали ширум земјата, а Албанците слават многу фестивали и празници секоја година. Еден од најголемите празници е Паганскиот летен фестивал. Се прославува на 14 март, за да се одбележат крајот на зимата, повторното раѓање на природата и подмладување на духот меѓу Албанците. „Ѓирокастрa“ (Gjirokastër), Националниот фолклорен фестивал, е уметнички музички фестивал, кој се одржува на секои 5 години и се смета за најважниот настан во албанската култура
Фолклорот преставува значаен дел од албанската култура. Литературата, музиката, кореографијата и драматичниот фолклор се богати, разновидни, со голема уметничка вредност и тоа се пренесува генерациски. Ракотворбите се прекрасни уметнички предмети украсени со национални мотиви и традиционалната креативност на локалното население. Исто така, има и многу археолошки наоди, кои даваат многу информации за минатото и за тоа како е формирана денешната албанска култура. Така на пример, најстарите архитектонски споменици во Албанија се изградени од страна на Илирите. Подоцна, Грците и Римјаните кои живееле на територијата на Албанија, исто така изградиле објекти кои сè уште се видливи во урбаните и руралните предели. Традиционално, Албанија е 70% сунитски муслимани, 10% од населението е од римокатоличката вероисповед (главно на север) а 20% од Албанците се православни, со што Албанија е единствената европска земја во којa има муслиманско мнозинство.
Интересни факти во врска со албанската култура и социјална интеракција
Кимнување со главата обично значи „не” а тресење на главата значи „да”. Поздравувањето може да се направи со бакнеж по десниот образ меѓу блиски познаници. Ракувањето е прифатена форма на поздравување во повеќе формални ситуации. Во албанската култура е прифатливо и да се изразат силни емоции меѓу познати луѓе. Албанците обично ќе платат за јадење на своите гости и ќе инсистираат да ја платат сметката, дури и кога некој ќе ги покани во ресторан. Образованието е многу важно за младите Албанци, а оние кои ќе успеат да се запишат на факултет се сметаат за среќни. Познавање на најмалку еден странски јазик се смета за неопходност, а многу луѓе трошат пари и време да научат барем еден нов јазик. Албанците сè уште практикуваат договорен брак и веруваат дека ова помага да се изгради почит во семејствата, но и кај новиот пар/младенците.
Фестивали, празници и прослави
Како резултат на албанската историја, етничката и верската припадност, постојат многу културни и уметнички фестивали ширум земјата, а Албанците слават многу фестивали и празници секоја година. Еден од најголемите празници е Паганскиот летен фестивал. Се прославува на 14 март, за да се одбележат крајот на зимата, повторното раѓање на природата и подмладување на духот меѓу Албанците. „Ѓирокастрa“ (Gjirokastër), Националниот фолклорен фестивал, е уметнички музички фестивал, кој се одржува на секои 5 години и се смета за најважниот настан во албанската култура. Фестивалот ја промовира албанската традиционална музика, облека и танц од Албанија, дијаспората и албанското население населено низ целиот Балкан. „Магична песна“ (Kënga Magjike) е уште еден голем музички настан. Тоа е едно големо мешање на пејачи и групи од Албанија и од соседните земји. Песните од овој натпревар стануваат големи хитови за Албанците во целиот свет. Најважните албанскиот празник е Денот на независноста. Се прославува на 28 ноември. За национален празник е прогласен во 1912 година, со што е ставен крај на петвековната отоманска контрола. На 8 март Албанците го прославуваат Денот на мајката. Генерално се прославува како што се слави и низ целиот свет. Една од традициите е да се даде едноставен подарок, а вообичаено тоа е гранче од мимоза. Албанците сакаат да ги слават Божиќ и Нова Година. Вообичаено тоа се прослави кои траат и после полноќ, кога има и огномет. Се слави со семејството и пријателите, а има многу храна, колачи и пијалок. Други албански празници се Курбан Бајрам, Рамазан Бајрам, Денот на учителот, Денот на Мајка Тереза, Националниот ден на младоста, Денот на ослободувањето, Денот на детето, Први мај, Денот на шегата во април итн. Албанскиот јазик е богат со изрази и фрази, кои имаат сличности и разлики во различни делови (од југ до север ) на албанската територија.
Митови и легенди
Албанската митологија се состои од митови и легенди на Албанците. Многу од ликовите во албанската митологија се дел од „Албанските песни на воините на границата“ (албански: Këngë Kreshnikësh или Cikli i Kreshnikëve), традиционален циклус на албански епски песни. Елементите на албанските митологија имаат палеобалканско потекло и речиси сите од нив се пагански. Албанските митови можат да бидат поделени во две главни групи: легенди на метаморфоза и историски легенди. Албанските народни приказни за прв пат биле забележани/запишани во средината на деветнаесеттиот век од страна на европските научници како што се Јохан Георг фон Хан, австрискиот конзул во Јанина, Карл Х. Рајнхолд и Џузепе Питр. Следната генерација на научници кои се интересираат за собирање на албанските народни приказни првенствено се филолози, меѓу кои има и познати индоевропските лингвисти кои се занимаваат со собирање/запишување и анализа на малку познатиот европски јазик како Аугусте Дозон (Auguste Dozon), Јан Јарник (Jan Jarnik), Густав Мајер (Gustav Meyer), Холгер Педерсен (Holger Pedersen) Густав Вајганд (Gustav Weigand) и Август Лескиен ( August Leskien).
Националистичкото движење во Албанија во втората половина на XIX век, т.н. период Rilindja е период кога процветало собирањето на фолклорни материјали, како што се „Албанската пчела“ (Bleta Shqiptare) од Тими Митко (Thimi Mitko), Албанскиот правопис (Drejtëshkrimi Shqip) од страна на грчко-албанскиот автор Анастас Кулуриоти ( Anastas Kullurioti) и „Брановите на морето“ ( Valët e Detit ) од Спиро Дине (Spiro Dine). Во последните триесет години реализирана е огромна теренска работа од страна на Институтот на народната култура во Тирана и Институтот на албански студии во Приштина, кои имаат објавено бројни збирки на народни приказни и легенди. За жал, многу малку од оваа значителна културна материјална база е преведена на други јазици.
Познати приказни или епови
Една од најпознатите и доста раскажувани легенди е Besa е Konstandinit (Ветувањето на Константин) или „Кој ја доведе Дорунтина ? ”Приказната оди вака……….Дорунтина беше единствената ќерка во едно семејство со 13 деца. Кога еден странски принц ја побара нејзината рака, никој во семејството не се согласи да ја пушти толку далеку. Само Кoнстантин, најмладиот од дванаесетте браќа на Дорунтина, сакаше да ја направам среќна и и ветува на неговата мајка, дека тој ќе донесе Дорунтина назад да ја види веднаш штом мајка им ќе посака. Тогаш, мајката поради ветувањето на Кoнстантин го одобрува бракот. Исто така, и сите дванаесет браќа се согласуваат и го одобруват бракот. Но,наскоро сите тие ќе умрат во војна, а меѓу нив и Кoнстантин. Мајката не може да ја поднесе загубата на сите нејзини деца, и отсуството на нејзината ќерка која живее многу далеку. Нејзината тага е премногу тешка за да се поднесе, а нејзиниот монолог е полн со болка и гнев. Додека таа жали, го проколнува својот мртов син, Кoнстантин, кој го даде ветување кое не може да го одржи. Нејзината клетва, го буди Константин од смртта и тој ја враќа Дорунтина назад, бидејќи клетвата на мајката, дури и по смртта, е полоша од што било друго. Ја наоѓа Дорунтина како танцува на Велигден, но Дорунтина не знае апсолутно ништо ниту дека сите 12 браќа се мртви. Константин ѝ вели веднаш да замине со него и ја враќа Дорунтина назад во текот на ноќта на грбот на неговиот коњ. Таа забележува дека тој изгледа уморно и дека е полн со прашина, но тој ѝ вели дека тоа е поради неговото долго патување. Таа не може да знае дека тој е веќе мртов. Кога ќе пристигнат дома, тој ја остава пред вратата и ѝ кажува дека мора да оди да го врати коњот во шталата. Но наместо тоа, се враќа во неговиот гроб. Дорунтина не сфаќа дека таа има патувано на коњот на нејзиниот брат, кој веќе е мртов, сè додека тоа не ѝ го каже нејзината мајка. Крајот на приказната е неверојатен поради шокот на двете жени, кои сфаќаат дека Константин воскреснал од мртвите. Оваа легенда е раскажана и како роман напишан од Исмаил Кадаре (Ismail Kadare ) со наслов „Кој ја врати Дорунтина назад? (Албански: Kush e solli Doruntinën), а во англиската верзија едноставно стои „Doruntine“ Како театарско парче со ист наслов и врз основа на романот на Кадаре, на сцената на Националниот театар на Албанија романот е поставен во 1988 година во верзија на Едмонд Будина (Edmond Budina) и Пиро Мани ( Pirro Mani), и двајцата народни уметници на Албанија. Поуката што произлегува од оваа легенда е дека Албанците ќе станат од своите гробови за да го одржат ветувањето и нивната „беса“. Токму поради ова, оваа легенда се раскажува и како „Бесата на Константин“.

м-р Билјана Поповска
(темата е адаптирана од Languages / Countries and Cultures / World Studies -Dino Lingo)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail