Уводник

СЕЛЕКЦИЈА

И во природата и во општеството процесот на селекција е еден од основните принципи преку кој, на нај­раз­лични начини, се издвојува вистинскиот квалитет, се создава бренд кој води кон прогрес и напредок. Принципот на селекција е особено изразен и значаен при создавањето на одбранбениот бедем на една држава, а АРМ со гордост може да истакне […]

18 АВГУСТ

18 август 2014 во Охрид, градот под Самоиловата тврдина, градот на брегот на прекрасното Ох­ридско Езеро, градот на УНЕСКО, на безбројните паметници од памтивека, градот на пријателството, на туристите и на вљубениците во чистата и недопрена природна убавина. Раздвиженост по чаршијата, џагор по кафулињата, река од туристи и љубопитни намерници. А, меѓу сите нив, во […]

ЧЕКОРИ

И оваа година блесна небото над Кри­­волак. Припадниците на АРМ, со сиот сјај од врвна обученост, подготвеност и ентузијазам, за­блес­наа на вежбата „Македонски блесок 10“. Уште еднаш покажаа дека до перфекција знаат да се справат со целиот спектар на современи безбедносни закани. Оценувачите на вежбата проценија дека сме далеку пред сите, речиси на врвот во […]

АРГУМЕНТИ

Република Македонија е целосно подготвена за прием во НАТО, само треба да се одлучи околу прашањето како да се реши апсурдниот спор за името и нашата држава може да застане рамо до рамо со земјите-членки на Алијансата. Ова го знаеме сите, ова го повтори и министерот за одбрана, м-р Талат Џафери, во своето обраќање по […]

БРАВО!

Во природата на човекот е постојано да се стреми да ги совладува предизвиците, да се докажува и покажува. Добар, најдобар, одличен и браво за најдобрите! Верувам дека на сите во животот ни се случило барем еднаш, понесени од напливот на емоции и силината на импресијата од виденото или чуеното, спонтано да викнеме „браво“, на концерт, […]

РОТАЦИИ

Измина повеќе од една деценија откако во Република Македонија започнаа  да се бројат ротациите во мисиите надвор од државните граници на нашата татковина. „Слободата за Ирак“ беше и помина…Момчињата кои се менуваа во 11 ротации на оваа мисија, сите живи и здрави се вратија во татковината. Одликувањата, медалите, пофалниците, па дури и навестувања за филмско […]

„БЛАГОДАРНОСТ.....“

„БЛАГОДАРНОСТ…..“

Овој мој прв Уводник како главен и одговорен уредник на „Штит“, пред сè им го посветувам на нашите мировници, на оние припадници на Армијата на Република Македонија кои повеќе од една деценија учествуваат и даваат придонес во мировните мисии надвор од територијата на Република Македонија. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на луѓето кои […]

Меѓу сонот и јавето

Меѓу сонот и јавето

Делата говорат повеќе од сè друго Има многу светли датуми во историјата, но оние од 1992 година ни се најдлабоко врежани во срцата. Не затоа што се случија само пред 21 година. Во таа, неповторлива 1992 година, покрај другото, се зацртани и контурите на одбраната на новата самостојна држава.