На прва линија

Поплавите ги обединија институциите – АРМ и оваа година веднаш излезе на терен да помогне во поплавените подрачја

Поплавите во Република Македонија и оваа година го земаа својот данок во поплавени села, загрозено население, неповратно уништени плодни ораници, житни насади, градинарски култури… Оваа година се соочивме и со можност за уривање на браните на акумулациите кај С. Слатино, Дебарца и с. Прибилци, Штипско, на мостот на Вардар кај Неготино… Сето тоа по дефиниција […]

Решителна акција на пилотите на хеликоптерите на АРМ при гасење на пожарот во манастирот „Трескавец“

Познат како „Света Богородица“, манастирот „Трескавец“ е сместен на десетина километри од Прилеп, на падините под врвот Златоврв. Месноста Трескавец се наоѓа на планината Бабуна, на надморска височина од 1.260 метри, со извонредно голема прегледност на околината. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини, […]

Со љубов кон професијата – Жените во војската постигнуваат многубројни успеси

„Мирот не е последица на војната, туку доблест и одлика што се раѓа од храброста на духот“ Спиноза Секојдневно сме сведоци на тоа дека поделбата на машки и на женски професии сè повеќе го губи своето значење. Како резултат на тоа, постои зголемување на бројот на жените кои може да се постават на одговорни позиции […]

Интеграција на жените во полицијата

Учеството на жените во полицијата и нивната улога во креирањето на мирот и безбедноста Општата Декларација за човековите права, по принципот на природното право во Франција и во САД, доведе до поставување на барањата за еднаквите права помеѓу мажите и жените. Дотогаш жените беа исклучени од процесот на донесување економски, политички и правни одлуки и […]

Ризиците и заканите врз политичката стабилност на Република МакедонијаRreziqet dhe kërcënimet ndaj stabilitetit politik të Republikës së Maqedonisë

Ризиците и заканите врз политичката стабилност на Република Македонија

Процена на безбедносна состојба (2) Официјално не постои директна врска меѓу политичкиот ризик и влезот на државата во НАТО. Затоа, преку анализа ќе се да одговор на тоа како влезот на Република Македонија и евроатлантските интеграции влијаат врз намалување на политичкиот ризик и на останатите закани или на значајното зголемување на економскиот раст. Проблемот со […]

РИЗИЦИТЕ И ЗАКАНИТЕ ЗА ЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ НА ДРЖАВАТА

ПРОЦЕНА НА БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА (1) Основните компоненти за ризикот на државата може да се поделат на две групи: компоненти кои може да се квантификуваат и делови кои ги опишуваме квалитативно и чија процена е сложена. Компоненти кои може да се квантификуваат и да се проценат се: економски ризик; финансиски ризик; ризик на промена на девизниот […]

АМАЗОНКИ НА НОВОТО ВРЕМЕ

ЖЕНИТЕ ВО ВОЈНАТА И ВО ВОЈСКАТА Историјата на човековото општество, освен што можеме да ја разгледуваме како историја на еволутивните промени и како напредок на општествените односи во различни периоди, можеме да ја разгледуваме и како историја на војувањето на човекот за достигнување на тие промени или за одржување на веќе постигнатото. Војната постои од […]

Местото и улогата на војската во општеството

Утврдувањето на местото и улогата на војската во општеството не е техничко, ниту, пак, воено прашање. Суштината на ова прашање првенствено е од политичка, па дури и прагматична природа затоа што тоа укажува на основната причина заради која се организира и постои воената сила во државата. Историски гледано, војската постои во целата историја уште со […]

Преку Белата книга до поголема транспарентност

Новопромовираната Бела книга на одбраната ги презентира постигнувањата во одбраната и информира за придонесот во глобалната и во регионалната безбедност и стабилност. Воедно, овој документ кој го издаде Министерството за одбрана ги претставува долгорочните развојни цели на одбраната и потребите за ресурси, како и визијата за натамошен развој на одбраната. Покрај тоа, овозможува транспарентно, генерално […]

Визија за развојот на одбраната

Тринаесет години Македонија, наместо на масата, се наоѓа на менито на НАТО и тоа трае предолго. Го бараме нашето место на масата!“. Ова, покрај другото, го истакна македонската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана, д-р Фатмир Бесими, на состанокот со Северноатлантскиот совет на НАТО (НАЦ), што се одржа […]