На прва линија

Свечено и во единиците на ЗОК - Дваесет и една година Армија на Република Македонија
KREMTIM EDHE NË NJËSITË E KPO - NJËZET E NJË VITE ARMATA E REPUBLIKËS SË MAQEDONISË

Свечено и во единиците на ЗОК – Дваесет и една година Армија на Република Македонија

На 16 август 2013 година, еден ден пред одржувањето на централната прослава по повод одбележувањето на 21-годишнината на Денот на Армијата на Република Македонија, во Здружената оперативна команда и во гарнизоните на АРМ каде се наоѓаат единиците на ЗОК: Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп, се одржаа воени свечености по повод одбележувањето на воениот празник […]

„Успехот на АРМ е успех на сите вработени“ - Дваесет и една година Армија на Република Македонија
„SUKSESI I ARM-SË ËSHTË  SUKSESI I TË GJITHË NËPUNËSVE“ - NJËZET E NJË VITE ARMATA E REPUBLIKËS SË MAQEDONISË

„Успехот на АРМ е успех на сите вработени“ – Дваесет и една година Армија на Република Македонија

„Успехот што го постигнува АРМ не е само успех на Министерството и Генералштабот на АРМ, туку и на секој припадник на секоја команда и единица. Овој успех е резултат на храброста и ентузијазмот на припадниците на АРМ“, нагласи на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, началникот […]

Армијата постојано ги надминува очекувањата - Дваесет и една година Армија на Република Македонија
ARMATA  VAZHDIMISHT TEJKALON PRITJET - NJËZET E NJË VITE ARMATA E REPUBLIKËS SË  MAQEDONISË

Армијата постојано ги надминува очекувањата – Дваесет и една година Армија на Република Македонија

Свечено и достоинствено се чествуваше Денот на Армијата на Република Македонија, 18 Август. Централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Македонија се одржа во квечерината на топлата августовска вечер, на 17 август, пред платото на зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија и на плоштадот „Македонија“, со концерт […]

Македонски НАТО-центар за едукација и обукаNATO-Qendra për arsimim dhe trajnim në Maqedoni - Qendra rajonale për marrëdhënie me publikun Në MM transformohet në Qendër partnerE e NATO-s

Македонски НАТО-центар за едукација и обука

Регионалниот центар за односи со јавноста при MO прераснува во НАТО-партнерски центар Регионалниот центар за односи со јавноста (ПАРЦ) при македонското Министерство за одбрана прераснува во НАТО-партнерски центар за едукација и обука (ПТЕЦ). Северноатлантскиот совет на НАТО ја прифати понудата на Република Македонија и ПАРЦ, и официјално е прифатен во мрежата на НАТО-партнерски центри како […]

Нови ветрови на Балканот

ERËRA TË REJA NË BALLKAN - BASHKËPUNIM RAJONAL DHE PROJEKTE RAJONALE

Нови ветрови на Балканот

Регионална соработка и регионални проекти Соработката помеѓу државите во Западен Балкан е актуелно прашање, кое го наметнуваат актуелните социјални, економски, политички и безбедносни проблеми, како и аспирациите на државите од регионот за нивна интеграција во европските и евроатлантските структури. Главната цел на иницијативите за регионална соработка е земјите од регионот да научат да соработуваат меѓу […]

Дел од сигурносната архитектура на Европа – Конференција за безбедност, решавање конфликти и евроатлантска интеграција на Балканот

„Балканот меѓу минатото и иднината: безбедност, решавање на конфликти и евроатлантската интеграција“, беше тема на меѓународната научна конференција што се одржа во Охрид во организација на Факултетот за безбедност од Скопје. Целта на конференцијата беше да придонесе кон појаснување на прашањата поврзани со безбедноста и евроатлантската интеграција на Балканскиот регион, преку презентација на научни трудови […]

Побезбеден свет – ООН е единствената безбедносна организација во која членува и Република Македонија

Според еден извештај од „Human Center“ на универзитетот „British Columbia“ издаден во 2003 година, речиси по 50 години неверојатно зголемување, бројот на геноциди и насилни конфликти драстично се намалил во времето на Студената војна. Сеопфатните тригодишни студии покажуваат изненадувачки показатели, дека вооружените конфликти, геноцидот, злоупотребата на човековите права, воените судири и меѓународни кризи во светот, […]

Заеднички за мир и сигурност – Заедно и здружено за поголема сигурност и безбедност во регионот и пошироко

Има многу симболика во мотото „Здружено кон глобалниот мир и безбедност“ на Конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба што неодамна одржа во Охрид. „Нема безбедна Европа без целосно интегриран Балкан. Нашиот заеднички успех и унапредувањето на регионалната соработка, како што истакна домаќинот на Конференцијата, министерот за одбрана на РМ, Талат Џафери, […]

Професијата војник – Подобрување на сфаќањата за војникот денес и во иднина

Во последните неколку години, откако се прекина редовното служење на воениот рок во Република Македонија, сè почесто се слуша и се говори за „професионална војска“, „професионализација“, „професионални војници“ и слично. Не само обичниот човек туку и луѓето од армијата и оние коишто работат за армијата, овие поими многу различно ги перципираат и ги толкуваат, а […]

Рамноправни и во војна и во мир – Родовата рамноправност и родовата перспектива во одбраната

„Улогата на жените во сите сфери на македонското општеството е значајна и важна, а нивната активна улога во креирањето и реализирањето на мировната и на безбедносната политика на Република Македонија е еден од поважните аспекти кој треба да овозможи создавање на свест за родот и подобрување на родовата нееднаквост во областа на мирот и безбедноста“. […]