Вести

Regular defence – political consultations were held with SloveniaMbahen konsultimet e rregullta mbrojtëse - politike me Slloveninë Одржани редовните одбранбено – политички консултации со Словенија

Одржани редовните одбранбено – политички консултации со Словенија

Денеска во Министерството за одбрана, делегации од Северна Македонија и од Словенија, предводени од раководителот на Секторот за политика и планирање во Министерството, полковникот Горан Илиоски и словенечкиот генерален директор за одбранбена политика, Урош Зорко, реализираа редовни одбранбено-политички консултации помеѓу двете земји. Целта на консултациите беше унапредување на долгогодишната одбранбена соработка, размена на научени лекции […]

Visit of the State Secretary in the Ministry of Defence, Dragan Nikolic, to the Republic of TurkeyVizitë e sekretarit shtetëror në Ministrinë e Mbrojtjes, Dragan Nikoliq në Republikën e Turqisë Посета на Државниот секретар во МО, Драган Николиќ, на Република Турција

Посета на Државниот секретар во МО, Драган Николиќ, на Република Турција

Државниот секретар, Драган Николиќ, престојуваше во повеќедневна работна посета на Република Турција. Во делегацијата што ја предводеше Државниот секретар, беа и високи воени претставници од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Целта на оваа работна посета беше разгледување можности за продлабочување на билатералната соработка на полето на одбраната со Република Турција, земја со која […]

Realizohet me sukses regjistrimi i pjesëtarëve të Armatës në KrivollakУспешно реализиран попис на припадниците на Армијата на Криволак

Успешно реализиран попис на припадниците на Армијата на Криволак

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои го посетуваат тримесечниот основен подофицерски курс на армискиот полигон „Криволак“ во координација со Државниот завод за статистика денеска ја реализираа својата должност согласно Законот за попис на населението. Во Центарот за обука „Пепелиште“ со почитување на сите предвидени протоколи за заштита од ширењето на корона – вирусот, […]

Në prag të përvjetorit të anëtarësimit në NATO, një gjest i bukur nga Federata e Boksit drejtuar “Ujqërve” të ArmatësВо пресрет на годишнината од членството во НАТО, убав гест од Боксерската федерација кон армиските Волци

Во пресрет на годишнината од членството во НАТО, убав гест од Боксерската федерација кон армиските Волци

По повод првата годишнина од полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, Боксерската федерација донираше спортска опрема за боксерски вештини на припадниците на Армијата, што е показател за одличната досегашна соработка помеѓу Федерацијата и Армијата, која ќе продолжи да се развива и во иднина. Донацијата се состои од ракавици за тренинг, фокусер и вреќи […]

Zëvendësministri  Hasani në takimin me homologun e tij Petro Koçi në Tiranë: Vazhdon bashkëpunimi midis dy ministrive dhe dy shteteve-aleate të NATO-sЗаменик министерот Хасани на средба со неговиот колега Петро Кочи во Тирана: Продолжува соработката меѓу двете министерства и двете држави - сојузнички во Алијансата

Заменик министерот Хасани на средба со неговиот колега Петро Кочи во Тирана: Продолжува соработката меѓу двете министерства и двете држави – сојузнички во Алијансата

Заменикот министер за одбрана на Република Северна Македонија, Башким Хасани, денеска во Тирана се сретна со неговиот колега, заменикот министер за одбрана на Република Албанија, Петро Кочи. На средбата се разговараше и за одбранбена соработка и за спроведувањето на планот за билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји – сојузнички во НАТО – Алијансата, кој […]

Takimi Shekerinska-Pahor në Lubjanë: Maqedoninë e Veriut dhe Slloveninë i lidh  miqësia dhe bashkëpunimi ngushtëСредба Шекеринска-Пахор во Љубљана: Северна Македонија и Словенија ги поврзува цврсто пријателство и соработка

Средба Шекеринска-Пахор во Љубљана: Северна Македонија и Словенија ги поврзува цврсто пријателство и соработка

Со средба со претседателот Борут Пахор, министерката Радмила Шекеринска ја заврши еднодневната официјална посета на Република Словенија што се реализираше на покана на министерот за одбрана, Матеј Тонин. Во разговорот со словенечкиот претседател, Шекеринска изрази благодарност за континуираната поддршка на нашата земја. „Северна Македонија и Словенија ги поврзува цврсто пријателство и соработка кои траат со […]

Shekerinska in Ljubljana: With its advice Slovenia showed us the way to NATOShekerinska në Lubjanë: Sllovenia me këshillat e saj na tregoi rrugën për në NATOШекеринска во Љубљана: Словенија со своите совети ни го покажа патот кон НАТО

Шекеринска во Љубљана: Словенија со своите совети ни го покажа патот кон НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна официјалната посета на Република Словенија каде беше пречекана со највисоки почести од страна на нејзиниот домаќин, словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин. Двајцата министри имаа тет-а-тет средба која потоа продолжи со средба на двете делегации, на која стана збор за билатералната соработка во одбраната по членството […]

US State Department approves the procurement of light armoured vehicles – STRYKER for the Army of North MacedoniaDepartamenti i Shtetit i SHBA miratoi prokurimin e automjeteve të blinduara të lehta STRYKER për Armatën e Maqedonisë së Veriut Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ за Армијата на Северна Македонија

Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ за Армијата на Северна Македонија

Ве информираме дека американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на 54 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ од страна на Владата на Северна Македонија за потребите врзани со модернизацијата на македонската Армија во согласност со стандардите на НАТО. Набавката во вкупна вредност од околу 210 милиони долари е продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект (2019-2024) […]

New modern software for language testing according to NATO standards has been launchedLëshohet në përdorim softueri modern i ri i nivelit të lartë për testimin e gjuhës sipas standardit të NATO-sПуштен во употреба нов современ софтвер за јазично тестирање по НАТО стандард

Пуштен во употреба нов современ софтвер за јазично тестирање по НАТО стандард

Денеска во ново реновираните простории на Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, кој е дел од Министерството за одбрана, во присуство на министерката Радмила Шекеринска беше промовиран новиот софистициран и уникатен софтвер за тестирање на познавањата на англискиот јазик кај сите вработени во одбраната и припадници на Армијата, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ 6001. Министерката Шекеринска […]

Minister Shekerinska and Chief of General Staff Gjurchinovski: It is unacceptable for a Colonel to threaten a General; we will not allow the Army to be abused for party politicsMinistrja Shekerinska dhe shefi i Shtabit të Përgjithshëm Gjurçinovski: Është e papranueshme që një kolonel të kërcënojë një gjeneral, nuk do të lejojmë që Armata të abuzohet për qëllime partiakeМинистерката Шекеринска и началникот на Генералштабот Ѓурчиновски: Неприфатливо е полковник да се заканува на генерал, нема да дозволиме Армијата да се злоупотребува за партиски цели

Министерката Шекеринска и началникот на Генералштабот Ѓурчиновски: Неприфатливо е полковник да се заканува на генерал, нема да дозволиме Армијата да се злоупотребува за партиски цели

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски денеска од касарната „Илинден“ упатија заедничка порака дека во Армијата нема место за политика. Одговарајќи на новинарско прашање за полковникот Ковачки кој упатуваше закани кон началникот на Генералштабот, министерката Шекеринска рече дека Ковачки мора да реши дали ќе носи војничка или партиска униформа. „Навистина […]