SEDM – South East Defence Ministerial

South East Defence Ministerial (SEDM), претставува процес на соработка меѓу Mинистерствата за одбрана на Југоисточна Европа (ЈИЕ) со цел јакнење на политичко-воената соработка во регионот и подобрување на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ.

Правна рамка за соработка во рамките на иницијативата претставува Договорот за воспоставување на Координативниот комитет во рамките на SEDM процесот (Agreement on the establishment of a Coordination Committee in the framework of South-Eastern Europe Defence Ministerial Process) потпишан во Солун 2000 и подоцна новиот Agreement on the establishment of a Coordination Committee in the framework of South-Eastern Europe Defence Ministerial Process потпишан во Софија во 2009 година.

Статус на SEDM процесот

Во моментов (2019–2021) со координативните тела на SEDM иницијативата претседава Република Албанија.

Следниот состанок на министрите за одбрана ќе биде во октомври 2020 година во Атина, Грција, a 2021 во Скопје, Република Северна Македонија.

Проектите во SEDM

Во рамките на SEDM иницијативата функционираат неколку проекти чија основна цел е продлабочување на регионалната соработка, размена на искуства и информации во различни области и подобро функционирање на SEDM процесот.

SEESIM (South East Europe Simulation Exercise)

Вежбата SEESIM се изведува секоја втора година и е замислена како соработка меѓу земјите во регионот на ЈИЕ, со мрежно поврзување за размена на информации и асистирање при катастрофи било да се од природен карактер или предизвикани од човек. Последната вежба од серијалот SEESIM се одржа во 2018 во Р. Турција. Грција ќе биде организатор и домаќин на вежбата SEESIM 20, која е планирана да се реализира во 2020 година. Во рамките на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, носител на проектот е Секторот за цивилно воена соработка (СЦВС) со Регионалните центри за одбрана (РЦО) на МО.

FLSD (Female Leadership in security and defence)

FLSD Проектот иницијално е промовиран од страна Република Бугарија, а истиот е одобрен и прифатен на состанокот на Министрите за одбрана на земјите членки на SEDM одржан на 03.10.2011 во Анталија, Р. Турција. Во моментов лидер на проектот е Босна и Херцеговина. Целта е унапредување на процесот на имплементација на родовата перспектива и развој на капацитетите преку размена на идеи и размена на информации од заеднички интерес.

BII (Building Integrity Initiative)

И овој проект е промовиран од страна на Република Бугарија чија основна цел е намалување на ризиците од корупција во безбедносниот сектор. Со оглед дека во изминатите две години не се случиле позначајни активности во рамките на проектот, Бугарија предложи на следниот состанок овој проект да биде исклучен од агендата.

IMIHO (Interconnection of Military Hospitals)

IMIHO (Interconnection of Military Hospitals ) како проект во рамките на SEDM претставува интернационална непрофитабилна иницијатива која овозможува размена на медицински информации меѓу Воените Болници на брз, лесен, ефтин и едноставен начин, користеќи ја интернет технологијата. Носител на проектот е Грција. Во рамките на МО на РСМ, носител на проектот е ГШ на АРСМ (координатор – ппк. Елизабета Наумовска Петрески).

SEDM WEB Portal

Целта на овој проект обезбедување на перманентен безбеден портал, односно информатички сервис кој претставува поддршка на SEDM. Порталот обезбедува безбедна размена на информации и документи кои се креираат при реализација на активностите на SEDM. Носител на проектот е Грција. Романија се пријави да биде следната земја која ќе го хостира Порталот во период 2021-2025. Во рамките на МО на РСМ, носител на проектот е Секторот за К-4.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail