Форум на Началници на ГШ на Армиите на балканските земји (Б-9)

Форумот на началниците на балканските земји е основан по иницијатива на Грција и Турција во 2006 година.

Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „Terms of reference“ од страна на Началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел.

Форумот на НГШ има 9 членки (Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора).

Носител на активностите од оваа иницијатива е Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Активности:

-          Конференцијата на Началниците на балканските земји (еднаш годишно). Досега се одржани тринаесет конференции на НГШ на балканските земји,
-          Три состаноци годишно на Координативната група,
-          Еден-два состаноци годишно на Подгрупата за образование, обука и вежби,
-          Еден-два состаноци годишно на Подгрупата за асиметрични закани,
-          Еден состанок на Тимот за за менаџмент на Мрежата на југосточна Европа за вежби и обука, (South East Europe Telecommunication Network  – SEETN),
-          За време на 5-тата Конференција на НГШ на балканските земји одлучено е секоја годин да се реализира една вежба на која ќе учествуваат сите земји членки на иницијативата. Последната беше вежбата Balkan Bridges 19 која се одржа во октомври 2019 во Софија, Република Бугарија.

-          Армијата на Република Северна Македонија беше домаќин на заедничка вежба на специјалните единици на вооружените сили на балканските земји EAGLE 2012 која се одржа на АП Криволак,

-          Во Анекс Б од листата на активности, АРСМ ги има пријавено следниве активности: Курсеви во Центарот за медицинска обука, курсеви во Регионалниот тренинг центар за комуникации – PARC,

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail