Центар за обука за мировни операции

Центарот за обука за операции за поддршка на мирот (Peace Support Operations Training Centre – PSOTC) работи како НАТО Партнерски и Регионален центар за обука и едукација за операциите за поддршка на мирот со цел достигнување на НАТО и ОН компатибилни стандарди за припадниците на МО и ВС на БиХ и давање на поддршка на ВС на БиХ во придонесот на меѓународниот мир и безбедност.

Центарот за обука за поддршка на мировни операции (PSOTC) е целосно вграден во структурата на ВС на БиХ. Акредитиран е како Партнерство за мир (ПзМ) Центар за образование и обука и е признат регионален центар за обука од страна на Форумот за соработка на земјите од Западен Балкан и земјите членки од иницијативата САД-Јадранска повелба (А5).

Во текот на една календарска година во центарот се реализираат од 15-20 активности (курсеви, конференции, работилници, семинари и сл.) некои од нив во други земји од регионот преку Мобилни тренинг тимови.

Дел од тие курсеви се акредитирани и одобрени од ООН и НАТО. Од Министерството за одбрана на РСМ согласно потребите се упатуваат воени и цивилни лица на обука од различни области.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail