Почитување на достоинството, интегритетот и здравјето на вработените во Министерството и Армијата, а со тоа обезбедување на здрава работна средина е императив и законска обврска на Министерството за одбрана. Секој вработен има обврска да ги почитува работниот ред и дисциплина и да ги почитува општите начела на коректно и пристојно однесување кон другите вработени, колеги и претпоставени, со давање на свој придонес за создавање на работна атмосфера на тимска работа и соработка, без било каков облик на психичко и полово вознемирување.
Во продолжение можете подетално да се информирате за начинот, мерките и постапките за превенција и заштита од вознемирување, како и обврските и одговорностите на сите категории на вработени во Министерството и Армијата.
Каде да се обратиш за совет и помош:
1. До непосредно претпоставениот/ата раководен/на службеник/чка, односно непосредниот старешина или
2. До родовиот/ата претставник/чка
3. До овластеното лице:
потполковник Орданче Тодоров
контакт телефон: 02/328-2202
мобилен: 070 403 603 или
Каде да пријавиш вознемирување:
1. На e-mail:
stopvoznemiruvanje@mod.gov.mk
2. На телефон: 02/328-2202 или 070 403 603
3. Писмено во деловодството на Министерството за одбрана
* Известување може да достави и трето лице со ваша согласност
Решение за определување на овластено лице и родови претставници
Листа на посредници во случај на вознемирување на работно место
Решение – Листа на посредници во случај на вознемирување на работно место
Документи за заштита од вознемирување на работно место:
- Закон за заштита од вознемирување на работното место;
- Закон за заштита и спречување од дискриминација;
- Упатство за заштита од вознемирување на работно место во МО и Армијата;
- Водич за заштита од вознемирување на работно место;
- Образец – Пријава од вознемирување;
- Права и одговорности на вознемиреното лице;
- Права и одговорности на вршителот/ката на вознемирување