Вежба „Одлучен удар“

Decisive strike-header

Вежбата „Одлучен удар“ е национална теренска вежба со повеќе меѓународни учесници, која ќе се реализира во период од 05 јуни до 09 јули на Центарот за подршка на обуката (ЦПО) „Криволак“. Крајниот исход од вежбата „Одлучен удар“ е да обезбеди развој на капацитетите на вооружените сили на земјите – учесници. Оваа вежба претставува можност вооружените сили да споделат знаења и способности во насока на зголемување на довербата и взаемното разбирање, со што ќе се зголеми и успехот на евентуалните идни заеднички учества во операции. Вежбата „Одлучен удар“ е организирана и предводена од тим за планирање од нашата Армија, поддржан со планери од вооружените сили на Соединетите Американски Држави и четири НАТО држави од Европа (Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија).

Станува збор за масивна вежбовна активност (комбинирана здружена вежба), настан кој инволвира околу 2.700 припадници на вооружените сили од пет земји членки на НАТО и нашата држава како држава – поканета за членство во Алијансата и досега е најголема вежба која ќе се реализира во нашата држава.

Сценариото на вежбата „ Одлучен удар“ предвидува демонстрација на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува сеопфатно планирање на операции, вежби на командно место, двострана теренска вежба, обука и тактички вежби со боеви гаѓања, по што се ќе се изврши и валоризација на борбената готовност на единиците.

ЦЕЛ НА ВЕЖБАТА:

Цел на вежбата е да обезбеди синхронизација на расположливите сили и капацитети и потврда на тактиките, техниките и процедурите за координирани конвенционални операции и здружени и комбинирани операции во урбана средина, во различни временски услови и во исто време да го зголеми нивото на интероперативност и интеграција како помеѓу конвенционалните, така и помеѓу силите за специјални операции на партнерските земји, потврдувајќи го нивото на борбена готовност и ставајќи ја на тест способноста на логистичката поддршка за интензивна оддржливост на операции со висок интензитет.

УЧЕСНИЦИ НА ВЕЖБАТА:

Директор на вежбата е потполковник Игор Манасовски, Началник на одд. за вежби и оценување во Ј-7 во Здружена Оперативна Команда

На вежбата ќе учествуваат повеќе од 2700 припадници на вооружени сили на шест држави: Република Северна Македонија со копнени, воздухопловни и специјални сили, Соединетите Американски Држави (Национална гарда на Пенсилванија, 19 група за Специјални операции и Воздухопловни сили на САД), Литванија и Црна Гора со артилериски капацитети и специјални сили на Бугарија и Албанија.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ:

Брифинг за националните медиуми ќе се реализира на 30 Мај во Скопје.

Сите претставници на медиумите кои сакаат да присуствуваат на деновите определени за медиумско покривање на вежбата, мора да аплицираат за акредитација, не подоцна од понеделник, 03 јуни 2019 година, до 16:00 часот. Формуларот за акредитација може да го преземат тука.

Пополнетиот формулар потребно е да го испратите на следната e-mail адреса: decisivestrike@mod.gov.mk

Отворени денови за медиумите:

  • 05 јуни – отворање на вежбата, камп Стрела, „АП Криволак“
  • 08 јуни – тактичка вежба со боево гаѓање ( пешадија, артилерија и воздухопловни единици), „АП Криволак“;
  • 17 јуни – ден за високи гости, „АП Криволак“

СЛЕДЕТЕ НЕ НА:

http://mod.gov.mk
http://www.arm.mil.mk

FB@DefenceMKD


twiter@Defence_MKD
@ARM_mil_mk

youtubeМинистерство за одбрана
arm mil mk

instagramarm.mil.mk

ЦИВИЛНО ВОЕНА СОРАБОТКА

За време на реализација на вежбата, а во насока на континуиран развој на цивилно воената соработка низ повеќе општини ќе се реализираат презентација на вооружување и опрема:

  • 08 Јуни 2019 Гевгелија,
  • 11 Јуни 2019 Свети Николе,
  • 15 Јуни 2019 Кавадарци,
  • 26 Јуни 2019 Радовиш и Струмица,
  • 29 Јуни 2019 Битола,
  • 01 Јули 2019 Гостивар
  • 05 Јули 2019 Скопје

Дополнително планирано е во рамките на овие настани да се организираат: пријателски натпревари во кошарка и мал фудбал, демонстрација на пружање на прва помош, проверка на крвен притисок и мерење шеќер во крвта кај локалното население од страна на мобилни медицински тимови на Армијата на САД, донација на училишен прибор во основните училишта во градовите Неготино, Свети Николе и Кавадарци од страна на ВС на САД и донација на облека од припадниците на нашата Армија во центарот за деца со потребни потреби во Неготино.

Во рамки на овие активности, Мобилни медицински станици (основна превентивна медицинска заштита) на 23 Јуни 2019 ќе бидат во с.Сапруге и с.Парналија, Радовиш

КОНТАКТИ ЗА МЕДИУМСКО СЛЕДЕЊЕ НА ВЕЖБАТА

Канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата
потполковник Тони Јаневски – портпарол
контакт телефон 02/328-2459
мобилен тел. 070/403 – 425
телефон/факс 02/328-2461
е-mail: toni.janevski@arm.mil.mk и decisivestrike@mod.gov.mk

Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка
Одделение за медиа и мултимедијална работа
контакт телефон. No.: +389 2 328 2487

Мониторингот на животната средина за време на вежбата „Одлучен удар“ потврди дека нема штетни последици по природата, граѓаните и нивното здравје

DSC_1052_resizeМониторингот на животната средина извршен за време на вежбата „Одлучен удар“ во соработка со лабораторијата „АМБИКОН“ на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ и институтот за јавно здравје покажа дека во текот на вежбата не се предизвикани никакви штетни последици по природата, граѓаните и нивното здравје.

„Министерката Шекеринска при денешната посета на „Криволак“ информираше за резултатите од мерењата, а истакна и дека овој тип на мониторинг на животната среди ќе стане стандард при изведување на ваков тип на вежби. Повеќе…

Шекеринска и Бошковиќ на Криволак: „Одлучен удар“ завршува со успех, мониторингот покажа дека не ја загадува околината, реконструиран железничкиот крак до полигонот

DSC_1068_resizeМинистерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, денеска на армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на војската на Црна Гора, кои како дел од вежбата „Одлучен удар“ извршија артилериско боево гаѓање со минофрлачи.

„Министрите Шекеринска и Бошковиќ го изразија своето задоволство од текот на вежбата, која започна на 5 јуни, а завршува утре, 9 јули .„Оваа вежба ќе биде не само најголема вежба во нашата држава, туку дефинитивно и една од најуспешните. И покрај големиот логистички предизвик, успеавме да обезбедиме добри резултати и во организацијата и во реализацијата на вежбата“, рече министерката Шекеринска. Повеќе…

Шекеринска на вежбата Одлучен удар: Покажавме дека заслужуваме да бидеме членка на НАТО, сите комплименти до нашите војници и офицери

DSC_8954_resizeСеверна Македонија ќе стане членка на НАТО, а денеска покажавме дека тоа го заслужуваме, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната показна вежба на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“.

„Република Северна Македонија набрзо ќе стане 30. членка на НАТО алијансата. Тоа значи не само седење на истата маса, туку и заеднички вежби, заедничка обука, заедничко учество во операции со кои се гарантира и нашиот и светскиот мир. Ние денеска овде на сите скептици им покажавме дека Северна Македонија има што да и понуди на Алијансата – има да и понуди обучени, професионални војници и офицери и има да и го понуди и овој одличен полигон Криволак, кој што ја покажа и својата сила и својот капацитет и своите потенцијали“, рече министерката. Повеќе…

Висока интероперабилност и приказ на развиени вештини и способности – Отворен ден на вежбата „Одлучен удар“

DSC_9948_resizeОфанзивни операции на пешадиската баталјонска група на Армијата, заедно со припадниците на Националната гарда на Пенсилванија од САД, воздухоплови на Армијата, како и воздухопловот Б-52 на вооружените сили на САД, можеа да се видат на денешниот Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ која вклучува над 2.700 припадници на армиите на Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија, а се реализира до 9 јули на полигонот „Криволак“.

Претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и в.д. амбасадорката на САД, Микаела Швајцер-Блум, импресионирани од прикажаното сојузништво, високата подготвеност, капацитетите на војниците од земјите – учеснички и капацитетите на Крвиолак. Повеќе…

Отворен ден на „Криволак“: Проследена тактичка вежба со боево и артилериско гаѓање

DSC_7867Денеска во рамките на вежбата „Одлучен удар“ на полигонот Криволак, се реализираше тактичка вежба со боево гаѓање и артилериско боево гаѓање.

Шефот на Бирото на националната гарда на САД, генералот Џозеф Ленгиел кој денеска ги посети учесниците на вежбата, истакна дека е импресиониран и дека оваа вежба ќе ги зголеми можностите за развој на колективната подготвеност и интероперабилноста. За нашата земја рече дека е постојан партнер на Соединетите Американски Држави, и дека како земја која е посветена на заедничката безбедност ќе биде и силен сојузник во НАТО. Повеќе…

Започна вежбата „Одлучен удар“: заменикот – министер за одбрана, Максути на отворањето

DSC_0562_resizeНад 2.700 припадници од армиите на шест држави, домаќинот Северна Македонија, потоа Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија од денеска до деветти јули како дел од досега најголемата вежба организирана во нашата држава, „Одлучен удар“ ќе ја развиваат подготвеноста и меѓусебната интероперабилност, клучна способност за сите армии во Алијансата.

На отворањето на вежбата на полигонот „Криволак“ заменикот – министер за одбрана, Беким Максути порача дека оваа, досега најголема вежба која ја организира нашата армија се случува во вистинско време во кое нашата држава е исклучително горда на постигнатото и дека Алијансата добива искрен и посветен сојузник. Повеќе…

Вежбата „Одлучен удар“ на Криволак – најголема вежба досега организирана кај нас, вклучува над 2.700 припадници од шест земји

3Од петти јуни до деветти јули, Северна Македонија ќе биде домаќин на досега најголемата вежба која се организира во нашата држава, „Одлучен удар“. На вежбата ќе учествуваат над 2.700 припадници од Армијата на Република Северна Македонија и од вооружените сили на САД, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Литванија.

Армијата на Република Северна Македонија учествува со околу 1.300 припадници, исто толку се од САД, војската на Црна Гора испраќа 75 припадници, по 25 припадници од Албанија и од Бугарија, како и 10 од Литванија. Повеќе…

соопштение 1

Сите претставници на медиумите кои сакаат да присуствуваат на деновите определени за медиумско покривање на вежбата, мора да аплицираат за акредитација, не подоцна од понеделник, 03 јуни 2019 година, до 16:00 часот.

Формуларот за акредитација може да го преземат тука.

Пополнетиот формулар потребно е да го испратите на следната e-mail адреса: media@mod.gov.mk

Отворени денови за медиумите:

  • 05 јуни – отворање на вежбата, камп Стрела, АП Криволак
  • 08 јуни – тактичка вежба со боево гаѓање (пешадија, артилерија и воздухопловни единици), АП Криволак;
  • 17 јуни – ден за високи гости, АП Криволак

ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ:

http://www.arm.mil.mk
http://mod.gov.mk

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, на армискиот полигон „Криволак“

Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“


Отворен ден на „Криволак“

Започна вежбата „Одлучен удар“- 05.06.2019

08.06.2019 – тактичка вежба со боево гаѓање

17.06.2019 – Ден за високи гости

КОНТАКТ ЗА МЕДИУМСКО СЛЕДЕЊЕ НА ВЕЖБАТА
Канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата
потполковник Тони Јаневски – портпарол
контакт телефон 02/328-2459
мобилен тел. 070/403 – 425
телефон/факс 02/328-2461
е-mail: toni.janevski@arm.mil.mk и decisivestrike@mod.gov.mk

Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка
Одделение за медиа и мултимедијална работа
контакт телефон. No.: +389 2 328 2487

Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка
Одделение за медиа и мултимедијална работа
20 Мај, 2019

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail