Шекеринска и Брнз во посета на АП „Криволак“

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, во 13:00 часот, ќе го посетат армискиот полигон „Криволак“ каде ќе бидат брифирани во врска со претстојните активности за реализацијата на вежбата „Одлучен удар – 21“.

По брифингот, министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз ќе дадат изјави за медиумите.

Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на АП „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. До самото започнување на вежбата ќе се реализираат повеќе инженериски активности односно уредување на полигонот Криволак кој ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.

Настанот се организира според важечките протоколи за здравствена заштита, одржување на растојание и носење на заштитни маски. Ве молиме за време на настанот да ги почитувате пропишаните мерки.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail