Министерката Шекеринска денес и утре на Минхенската безбедносна конференција

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска и утре ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Министерката Шекеринска ќе говори на панелот “Нарушување на перцепцијата за подобро лидерство”.

Во рамки на Конференцијата Шекеринска ќе учествува на неформалната средба на министрите за одбрана која ја организира германската министерка Анегрет Крамп- Каренбауер.

Минхенската безбедносна конференција е една од најзначајните глобални конференции посветени на безбедноста и одбраната на која оваа година ќе учествуваат над 500 светски лидери, претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис секторот, невладиниот сектор и академската заедница.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail