Повик за трудови по повод „Летен кампус 2012“

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ

„ЛЕТЕН КАМПУС 2012“

ОПЕРАЦИИ ЗА ПОСТ-КОНФЛИКТНО ГРАДЕЊЕ НА МИРОТ

Организирана од:

Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје
Во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија

јуни, 2012 година Скопје, Р. Македонија

Краен рок за аплицирање: 10.05.2012 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ објавува повик за трудови на „ЛЕТНИОТ КАМПУС 2012“ насловен како: „ Операции за пост-конфликтно градење на мирот“, кој ќе се одржи од 16-26.06. 2012 година во ЦО Пеплиште.
Целта на „Летниот кампус 2012“ е да се постигне: Експлицитно и детално да се објасни дека операциите за пост-конфликтно градење на мирот имаат основна цел да создадат потребни услови за траен мир во постконфликтните општества за време на воените интервенции. Операциите за пост-конфликтно градење на мирот преставуваат холистички процес кој вклучува меѓународна односно интернационална соработка со широк спектар на активности. Овие активности опфаќаат: воспоставување и поддршка на мирот, хуманитарна помош и одржување на мирот во постконфликтните општества.

Темите кои ќе бидат опфатени со Летнот кампус се следните:

• Процесот на планирање и водење на пост-конфликтни операции и донесување на одлуки
• Пост-конфликтниот процес на стабилизација и поддршка
• Пост-конфликтниот процес на транзиција и оспособување на цивилна власт
• Пост-конфликтниот процес на нормализација и заштита на критичната инфраструктура (заштита на критичната информатичка инфраструктура, заштита на виталните интереси во постконфликтните општества)

Работни јазици: Работни јазици на Летниот кампус ќе бидат македонски и англиски.

Поднесување на трудови и насоки за авторите:
Трудовите треба да напишани според упатство кое може да се симне од web страницата (упатство за изработка на трудови) http://www.morm.gov.mk и да се испратат во работна верзија за рецензија, на email адресата: milcon@ugd.edu.mk. По добивањето на известување за прифаќање на трудовите, истите треба да бидат корегирани според зададените насоки од рецензентите и готовите трудови треба да се испратат во електронска верзија на истата email адреса.
Авторите при поднесување на трудовите треба да ја наведат областа на која & припаѓа трудот согласно зададените теми на конференцијата.

Рецензија на трудовите:

Трудовите ќе бидат рецензирани од најмалку двајца експерти од соодветната област.

Важни датуми:
Краен рок за доставување на трудовите: 10.05.2012 година
Извесување за прифатени трудови: 20.05.2012 година
Поднесување на финална верзија: 01.06.2012 година
Објавување на трудовите: 10.06.2012 година

Сите прифатени трудови што ќе бидат навреме доставени и подготвени според упатството за авторите, ќе бидат објавени во Зборник на трудови од Летниот кампус.

Организационен одбор:

пполк. д-р Методи Хаџи-Јанев, доцент, Раководител на летниот кампус
мај. д-р. Андреј Илиев, доцент, член
мај. д-р Лазар Ѓуров, член
мај. м-р. Југослав Ачкоски, соработник, член
пполк. Зоран Цикарски, предавач, член
пполк. Никола Клетников, предавач, член

Контактирајте не на: milcon@ugd.edu.mk

Call for papers – Summer campus 2012

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail