ЈАВЕН ОГЛАС за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија

Врз основа на член 38 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и 101/19), а согласно искажаните потреби за пополнување на Армијата на Република Северна Македонија со цивилен персонал, Mинистерството за одбрана распишува

Ј А В Е Н    О Г Л А С
за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија

1. Се распишува јавен оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Армијата“) на неопределено време и тоа:
раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации, 1 (еден) извршител за работа во Скопје

2. На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:

Општи услови:
1. да е државјанин на Република Северна Македонија,
2. да е полнолетен,
3. да има завршено високо образование,
4. да има општа здравствена и физичка способност и
5. да не е постар од 40 години.

Посебни услови:
1. Да има високо образование и тоа:
- за прием на раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации: Научно
подрачје техничко-технолошки науки, Машински факултет, дипломиран машински инженер

2. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.

3. Нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство, согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во АРМ, ќе изнесува околу 25.000,00 денари

4. Рокот за пријавување на огласот е 5 дена од денот на неговото објавување.

5. Заинтересираните кандидати доставуваат пријави до Министерството за одбрана, непосредно во деловодството на министерството или по пошта со препорачана пратка.

6. Кон пријавата кандидатите приложуваат:
- доказ за завршено образование,
- уверение за државјанство,
- извод од матична книга на родени,
- уверение со кое се докажува здравствената способност, издадено од Институт за медицина на труд,
- мотивациско писмо.

7. Документите задолжително да бидат во оригинал или заверена фотокопија.

8. Некомплетните и ненавремените пријави нема да бидат разгледувани.

9. Постапката за избор на кандидати ја спроведува Комисија формирана од министерката за одбрана, согласно важечката законска и подзаконска регулатива.

10. Избор на кандидати кои ги исполнуваат условите за прием на служба во Армијата врши министерката за одбрана.

11. Со избраните кандидати, министерката за одбрана или од неа овластено лице склучува договор за работа.

12. Јавниот оглас се објавува во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и по еден во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail