Конкурс за избор на најдобар есеј на тема „НАТО и јас“

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
И  ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – СКОПЈЕ

по повод одбележување на 70 години од формирањето на НАТО
и идниот прием на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО

објавуваат

Конкурс за избор на најдобар есеј на тема

„НАТО и Jас“

NATO

Најдобрите три есеи ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО под покровителство на Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска Јанковска и НАТО. Трите прворангирани есеи ќе бидат презентирани на настан кој ќе се одржи на 07. Април 2019 година.

Краен рок за аплицирање (доставување на есеите): 04 април, 2019 г.

 Критериуми за аплицирање:

-  учесниците да се ученици на некое од средните училишта во Република Северна Македонија.

 Избор и селекција на есеите:

Есеите ќе ги селектира комисија составена од професори од Воената академија и претставници од Министерството за одбрана. Кандидатите со пријавувањето на конкурсот се откажуваат од своите авторски права и се согласуваат по завршувањето на конкурсот нивниот есеј, доколку влезе во групата на најдобрите, да биде објавен во публикација или во списанијата на Министерството за одбрана.

Начин на пријавување:

Есеите треба да бидат изработени, во А4 формат со фонт “Arial”, големина 12 и проред единечен. Есеите мора да имаат не помалку од 3 и не повеќе од 5 страни (формат А-4) изработени во MSWord со маргини: лeво 3 cm, горе-3 cm, долу-3 cm и десно-3 cm. Воведот и заклучокот не треба да бидат нагласени посебно како „вовед“ и „заклучок“. Во текот на пишувањето не смее да има точки и потточки на есејот. Се препорачува мислите да бидат јасни и прецизни.

Покрај есејот секој кандидат треба да достави:

1. Кратка биографија со свои контакт информации (адреса, телефон, електронска пошта, година на школување и назив на средното училиште);

2. Есеите заедно со другите документи треба да бидат доставени на следната емаил адреса: va@ugd.edu.mk

Важни датуми:
Краен рок за доставување на есеите: 04 Април 2019 година
Извесување за најдобрите три есеи: 05 Април 2019 година
Презентација на наградените трудови: 07 Април 2019 година

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail