Заменикот министер Максути на експертска конференција за стратегиски комуникации и борба против хибридни закани

Заменикот – министер за одбрана, Беким Максути во рамките на експертската конференција за стратегиски комуникации и борба против хибридни закани која се реализира во најстарата Воена академија Тересијан во Виена, Австрија одржа предавање посветено на овие теми кои се од икслучително значење во областа на одбраната и безбедноста.

Максути пред присутните професори и претставници на академската фела, како и претставниците од министерствата за одбрана од регионот на Западниот Балкан се задржа и на растечкиот број на дезинформации со кои се соочуваат земјите, но и на начините за нивно разобличување, со цел пренесување на точна, навремена и јасна информација до граѓаните, што е приоритет за Министерството и за Владата.

Северна Македонија со партнерите, а наскоро и сојузниците во НАТО – Алијансата континуирано ги развива своите капацитети во доменот на стратегиските комуникации и борбата против хибридните закани, истакна заменикот  - министер.

Експертската конференција се реализира во коорганизација на австриското Министерство за одбрана и финскиот Центар за совршенство, посветен на борбата протв хибридните закани.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail