Заменик министерот Максути дел од хуманитарната акцијата на Амбасадата на САД по повод годишнината од настаните на 11 Септември

Заменик министерот за одбрана, Беким Мексути денеска заедно со припадници на Армијата учествуваше на акцијата за дарување крв и акцијата за дарување храна по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање ден во организација Амбасадата на Соединетите Американски Држави, а во соработка со соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

Националниот ден на служба и сеќавање започна да се одбележува во 2002 година, преку добротворни акции, со цел да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите оние, кои што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември.  Годинава настанот е организиран од страна на Федералната Програма на жени при Амбасадата на САД.

Оваа година се оддаде почит на жените одговорни за брза интервенција во нападите на 11 септември.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail