Министерството за одбрана и Армијата садеа садници и во Кичево

Со засадување нови садници во дворот на општинските средни училишта „Мирко Милевски“ и „Дрита“ во Кичево се заокружи акцијата поддржана од Министерството за одбрана и Армијата во соработка со локалните власти во борбата со аерозагадувањето и заштитата на животната средина.

За време на денешната активност во која активно учество земаа и учениците од средните училишта, беа засадени 85 садници, ела и јавор.

Оваа активност е дел од Планот за заштита на животната средина која ја изготви Владата и која има за цел подигнување на свеста за зачувување на животната средина.

Заедно со предходните две акции во Скопје и Тетово во кои учествуваа припадници на Армијата и вработени во Министерството за одбрана беа засадени вкупно 320 садници, а во акцијата зеде учество и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail