Телефонски разговор Шекеринска – Каракачанов: Помош од Бугарија во борбата против корона вирусот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Во разговорот бугарскиот колега и честиташе на министерката Шекеринска на членството во НАТО. Министерот Каракачанов најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Covid-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации.

Двајцата министри ја искажаа взаемна поддршка во борбата против пандемијата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail