Министерката Радмила Шекеринска заедно со премиерот Заев се сретнаа во Стокхолм со вицепремиерот на Германија, Олоф Шолц

IMG_4918Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска, се сретна во Стокхолм со вицепремиерот на СР Германија, Олоф Шолц.

На средбата е пренесена силна порака на поддршка од германската Влада за реформските постигнувања на нашата држава.

Констатирано е дека е важно да продолжи проширувањето на ЕУ, како за Република Северна Македонија, така и за целиот регион, во поглед на стабилноста и натамошниот развој на демократските вредности.

-Работиме на реформите и понатаму, градиме едно општество за сите, работиме и на добрососедските односи, ги негуваме европските вредности. Посветени сме на подобар живот за нашите граѓани, економските параметри растат. Нашето место е во Европа, рече премиерот Зоран Заев на средбата со германскиот вицепремиер Олоф Шолц.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail