Средба на министерката Радмила Шекеринска со генералот Ерик Вент

3Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше средба со генералот Ерик Вент, командант на Командата на специјалните сили на НАТО. Северна Македонија како нова 30-та членка ја интензивира соработката со Алијансата на сите полиња. Министерката се заблагодари за поддршката што нашата земја ја имаше на патот кон зачленувањето во НАТО и изрази подготвеност за натамошно продлабочување на партнерството кон остварување на заедничките цели – мир и стабилност во регионот и во светот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail