Средба на министерката Шекеринска со началничката на Генералштабот на словенечката Армија, генерал-мајор Аленка Ерменц

DSC_0123Висока воена делегација на Војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, денеска престојува во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

За време на посетата генерал-мајор Аленка Ерменц оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

На средбата министерката Шекеринска изрази благодарност за поддршката  на Република Словенија при нашето зачленување во НАТО. Министерката и честиташе на генерал-мајор Ерменц на функцијата началник на Вооружените сили на Словенија. Шекеринска рече дека брзата ратификација на Пристапниот протокол од страна на Република Словенија е политичка порака дека таа поддршка ќе продолжи и дека двете земји го зацврстуваат партнерството и одбранбената соработка. На средбата стана збор и за претстојната голема вежба во јуни на Криволак на која ќе биде домаќин нашата земја а ќе учествуваат и САД, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Литванија. Министерката Шекеринска рече дека вежбата која е најголема од таков вид досега, ќе биде тест за логистичките и воени капацитети на нашата земја.

Началничката на генералштабот на Вооружените сили на Словенија Аленка Ерменц и честиташе на министерката Шекеринска за нејзините залагања во евроинтегративните процеси на земјава и ја истакна нејзината значајна улога дома и во странство во подготовките за прием на Република Северна Македонија во НАТО.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail