Државниот секретар Николиќ го отвори семинарот посветен на унапредување на соработката во безбедносниот сектор

Државниот секретар во Министерствово за одбрана, Драган Николиќ, денеска го отвори семинарот на тема „Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“, кој се реализира во Домот на АРМ во Скопје.

Николиќ пред учесниците истакна дека овој семинар ќе даде значаен придонес кон безбедноста и безбедносната наука, но и кон зајакнувањето на безбедносните процеси и согледувањето на потребите за подобрување на ефикасноста во утврдувањето и борбата со современите закани и ризици.

„Управувањето и координацијата на безбедносниот сектор треба да создава позитивен безбедносен амбиент и да биде во чекор со безбедносната политика во однос на заштитата, одржувањето и унапредување на безбедноста на нашата држава и нејзините граѓани, со свои ресурси и преку активна соработка со меѓународните партнери“, рече државниот секретар.

Семинарот е во организација на Министерството за одбрана, а се реализира во соработка со Филозофскиот факултет – Скопје. На семинарот учествуваат претставници од Армијата, од Министерствата за одбрана и за внатрешни работи и претставници на другите органи на државната управа поврзани со одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент. Целта на семинарот е активните чинители во одбранбениот и безбедносен сектор да ги унапредат своите знаења и вештини и да разменат искуства со цел поедноставна и поефикасна координација и управување.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail