Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го започна вториот мандат: Ќе покажеме дека можеме уште подобро!

Доцна синоќа Собранието на Република Северна Македонија со 62 гласа за ја избра новата влада со која ќе раководи премиерот Зоран Заев. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го започна вториот мандат на оваа функција.

- Со голема чест и посветеност го почнувам вториот мандат како министерка за одбрана. Во 2017 затекнав затворена институција, низок буџет, искинати униформи, мали плати, целосно занемарена Армија.

Денеска сликата е поинаква. Веќе сме членка на НАТО, со двојно поголем буџет, зголемени плати, први во транспарентноста, со нови униформи и опрема. Не застануваме тука! Членството во НАТО ќе го искористиме во полза на државата и одбраната. Ќе покажеме дека можеме уште подобро! – порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска веднаш по назначувањето на функцијата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail