Шекеринска на средба со турскиот министер за одбрана Хулуси Акар: Соработката прераснува во сојузничка

Sredba MO Sekerinska - MNO na Turcija, Akar_4Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Брисел имаше одвоена средба со турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. На средбата беше поздравена интензивната соработка во одбраната меѓу двете земји.

Министерката Шекеринска се заблагодари за континуираната поддршка од пријателска Турција за членство во НАТО.
„Нашата докажана соработка од партнерска, прераснува во сојузничка“, рече министерката.

Министерот Акар порача дека двете земји имаат исклучително блиски, пријателски односи и упати честитки до министерката за членството на Северна Македонија во НАТО. Министерот Акар потенцираше дека поддршката и соработката ќе продолжи со висок интензитет и на билатерално и на НАТО ниво. Оваа соработка, рече, претставува бенефит и за двете земји.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail